18 Декември, 2025
0.0552

70 000 посни сарми-Прилеп го празнува Св. Никола!

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2015 11:02

Добивај вести на Viber

Скоро секоја втора куќа во Прилеп ја слави посната слава Св. Никола. Вредните прилепчанки од четири женски организации со денови ја подготвуваа посната трпеза. По влезот во гинисовата книга на рекорди во 2008-мата година со препознатливите посни сарми, секоја година велат е нов предизвик. Не за  да се сруши рекордот, туку да се пренесе традицијата на помладите кои се помасовно се вклучуваат во одбележување на овој голем верски празник.

posni sarmi1Лилјана Ѓорѓиоска, претседателка на здружението “Преродба”  вели дека на овој ден трпезата е посна но богата. Сармата, гравчето, рибата, лепчето и овошјето се подготвени. Илјадници граѓани во редици чекаат да пробаат греана ракија и вино. Оваа слава станува вистинска манифестација на која топлината на домот и празничната радост се пренесуваат под отворено небо. На овој начин вели Ѓорѓиоска  ги потсетуваат  и помладите генерации за значењето на верата, почитувањето и љубовта кон ближните и пријателите.

“Неколку дена траеја подготовките. Прилепските сарми се мали  и се подготвуваат со амур од ориз, зејтин, црвен пипер и бибер. Жените од четирите здруженија “Преродба”, “Орхидеја”, “Мајка Традиција” и “Китка”  неуморно со денови работеа на подготовките за кои се потребни многу раце. Оваа година се приклучи и здружението “Епилепсија”  и средношколци волонтери кои помагаа,  но и на дело видоа како се подготвуваат посните сарми. Сакаме да ги вклучиме помладите генерации и полека ним да им го отстапиме местото” -вели Ѓорѓиоска.

Трката по пари и егзистенција, додава претседателката на здружението “Преродба”, често ги оттуѓува луѓето. Славите според неа се вистински начин да се вратиме на корените и на вистинските вредностино  и на значењето на семејството, трпезата, ближните. Денеска вели се помалку имаме  време за дружење, почит и внимание, па оттука има и помодарство да се прави трпеза за гледање,  а не за јадење, настан за претставување - а не за искрено почитување.posni sarmi2

“Јас потекнувам од работничко семејство.Ние бевме шест деца, имам 12 први братучеди. Сеуште се сеќавам на софрата на баба ми на која имаше лебче, вино, леблебија, ореви, посна сарма, гравче и бели бомбони на кои како деца најмногу им се радувавме. Тоа беа времиња кога едвај се чекаше да почне периодот на слави, да се посетат најблиските. Мислам дека тогаш имаше поголема радост и среќа во секој дом. Имавме помалку, но се ценевме повеќе.  Вистинско уживање на кое со радост се сеќавам. Мислам дека тоа недостасува. Се трудам таа радост да ја пренесам на своите деца и тие да слават своја слава, да ја продолжат традицијата. Не за помодарство и за да се докажуваме, туку за да ги собереме на заедничка маса оние кои ги сакаме и почитуваме” -раскажува Лилјана.

Иако нивната семејна слава е Св. Арангел, посната слава Св. Никола  вели ја слави скоро секое прилепско семејство. Денеска сите патишта водат кон Прилеп, па покрај прилепчани ќе има и жители од околината и од другите градови,  како и странски туристи кои секоја година се побројни. Интересна им е вели Ѓорѓиоска, целата гужва и трпезата која излобилува со посни, но вкусни македонски традиционални јадења.

“Поради се поголемиот број на граѓани кои доаѓаат во Прилеп за Св Никола, веќе трета година по ред храната ја ставаме во ланч пакети за да се избегнат гужвите и да се задржи хигиената. Така секој намерен и случаен минувач ќе може да застане во редот и да си земе дел од јадењата”-додава Ѓорѓиоска.posni sarmi3

Прославувањето на Св. Никола почнува во утринските часови со  свечена литургија во црквата Св. Благовештение –старата  црква, а потоа литургијата продолжува  во центарот на градот пред параклисот направен во чест на заштитникот  и патрон Св. Никола,  каде е  послужена традиционална Светиниколска трпеза, а има и богата културно-забавна програма.  Празничното расположение според Ѓорѓиоска со зборови е тешко да се опише,  бидејќи тоа  може само да се доживее поради амбиентот кој менува илјада зборови.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“