19 Декември, 2025
0.0593

795 евра квадрат е реална цена за нов стан во Аеродром

Објавено во: Македонија 22 Август, 2013 21:55

Добивај вести на Viber

Цената од 795 евра за метар квадратен стан близу Центар во Скопје е реална, смета директорот на АД за стопанисување и изградба со станбен и деловен простор Цветко Грозданов. Според него, становите што тие ги продаваат во Реонски центар во Аеродром за 795 евра квадрате плус 5 проценти ДДВ се меѓу најниските цени на пазарот, но и оти и со таа цена имаат заработувачка.

„Акционерското друштво за стопанисување  со станбен и деловен простор во државна сопственост, прави баланс на цената на пазарот за да не дојде до нејзино вештачко зголемување. И во оваа цена од 795  евра имаме заработувачка. Тие средства што ги имаме од самата маржа ги реинвестираме во градба на социјално ранливите категории“, рече Грозданов.

Тој вели појасни дека и  Акционерското друштво има исти давачки за сите останати трошоци како и останатите фирми, но ниската цена се должи на тоа што не ставаат превисоки маржи. Според него, најголем удел има цената на градбата, па цената на градежното земјиште,  комуналиите и сите други трошоци.

„Приватните фирми одат со многу повисока заработувачка и многу поголема маржа“, реагираше Грозданов.

Претходно една градежна компанија, која исто така гради во близина на Реонски Центар обвини дека јавното претпријатије не плаќа ништо за градежната локација и затоа има многу пониска цена за своите станови.

Расте понудата на станови - нема купувачи! Во Кварталниот извештај на Народната банка на Македонија за јули е наведено дека продолжува трендот на намалување на нивните цени и во второто тримесечје годинава. „Индексот на цените на становите бележи забавен пад од 0,5% на квартална основа, која што придонесе за мало забавување на годишна основа (пад од 4,7%, наспроти падот од 5,5% во првиот квартал на 2013)“, се наведува во документот на централната банка. Во услови на пораст на трошоците за градба од 2011 година, негативните придвижувања кај вредноста на станбените единици можат да се објаснат со повисоката понуда на пазарот на недвижности“ пишува во извештајот на НБРМ. Дека и понудата на станови расте,  Централната банка констатира дека ова може да се забележи преку високиот годишен раст на изградбата на станбени згради во првото тримесечје (реален годишен раст од 136,8%, стимулиран од странските инвестиции). Понискиот број на издадени одобренија за изградба на станови во првите четири месеци од годината, во однос на минатата година, исто така укажува на веќе релативно висока понуда. Гледано од аспект на показателите за побарувачката, станбените кредити и натаму растат во првите пет месеца на 2013 година, но поумерено, пишува во извештајот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот