05 Декември, 2025
0.0329

8 реченици кои и пречат на Вашата кариера

Објавено во: Мои пари 05 Октомври, 2012 13:41

Добивај вести на Viber

Експертите за комуникација советуваат дека зборовите кои што ги употребуваме на работното место се многу важни. Според нив треба да се избегнува користење на тн.зборови паразити (туку, аха, значи, хм), зборови кои ја разводнуваат пораката (доста, до некаде, на некој начин) и секако негативните зборови (не можам, невозможно , никогаш). Притоа, ова се најчестите зборови и реченици кои во никој случај нема да Ви помогнат ако се стремите кон напредок во кариерата. Тоа не е моја работа. Ова покажува дека вие не можете да работите во тим, не знаете да се адаптирате, не сте флексибилни и немате желба да учите нови работи. "Тоа не спаѓа во мојата област, но ќе се обидам да го направам" е многу подобар одговор. Мислам, Ми се чини, Погоди Овие зборови го намалуваат авторитетот на кажаното од вас. „Мислам дека овој план е најдобар" не е исто како „Овој план е најдобар." Не знам! Некои би рекле дека да кажеш „не знам" е чесност, но тоа звучи негативно.Може да оставите впечаток на мрзливи и личност која нема желба да работи. Ако станува збор за некој одговор подобро е да се каже "момент, ќе проверам". Не кажувајте "Не знам како се прави тоа", туку прашајте  "Каде можам да добијам информации за работата или од кого би можел да побарам инструкции". Не можам! Бараат од вас да направите презентација, но токму во тоа време вие имате друг ангажман? Не е добро да одбивате без да дадете алтернатива. Предложете друг човек кој ќе помогне со задачата која вие треба да ја одбиете. Тоа не е добра идеја Експертите ги советуваат менаџерите да не ги негираат веднаш идеите на своите подредени, бидејќи тоа може да ги обесхрабри да понудат нови. Наместо да ги пресечете веднаш, обидете се со „Како мислиш дека ќе работи тоа?" Но секако и други прашања со кои заедно ќе дојдете до оптимално решение. Ќе се обидам! Овој одговор не е ниту негирање, ниту прифаќање на една задача. Еден вид на „OK, но не очекувајте многу од мене“. Кога шефот ви каже „Овој извештај треба да е подготвен наутро", не кажувајте „Ќе се обидам", туку „Ќе биде подготвен во 9 часот." Вината не беше моја! Заземате одбранбена позиција, а тоа не е добро. Покрај тоа, не значи дека секогаш кога ви поставуваат непријатни прашања, веднаш и Ве обвинуваат за нешто. Можеби! Избегнувајте „претпазливи" изрази. Секогаш зборувајте самоуверено, ако нешто ви пречи, кажете директно. Тоа е невозможно! Овој израз е многу негативен. Покажува дека дури и немате намера да се обидете. Подобро кажете "Да побараме подобра опција". Секогаш обидувајте се во вашите зборови да бидат позитивни и да сигнализираат дека сте подготвени за акција, а не за одбивање.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници