95 заробеници избегаа од затворот на „Исламска држава“
Објавено во: Свет 10 Март, 2015 10:52
Деведесет и пет затвореници избегале од затвор на „Исламска држава“ во Северна Сирија, вклучувајќи и околу 30 курдски борци, соопштија од Сирискиот центар за набљудување на човековите права (СЦНПЧ), пренесоа од агенциите.
Масовното бегство се случило во градот Ал Баб, на 30 километри јужно од турската граница.
„Исламска држава“ контролира територии во северна Сирија и управува со свои затвори, судови и други објекти во зоната која ја опишува како исламски калифат и која ги опфаќа и областите на соседен Ирак.
Меѓу избеганите има сириски цивили и припадници на исламистичкиот баталјони кои се противат на радикалната „Исламска држава“, соопшти СЦНПЧ.
„Исламска држава“ го поставила градот во состојба на тревога и ги повикувала на звучници локалните жители да ги уапсат бегалците.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




