19 Декември, 2025
0.0416

„Виталиа“ во акција за промоција на здрава храна за децата во Кисела Вода

Објавено во: Мои пари 14 Март, 2014 11:20

Добивај вести на Viber

Компанијата за здрава храна „Виталиа“, во соработка со Одделението за предучилишно воспитување при Општина Кисела Вода, е дел од проектот „Здрави навики – здраво бебе“. Во рамките на овој проект, експертите на „Виталиа“ одржаа серијал на стручни предавања во неколку градинки во оваа општина, со цел да им се овозможи на родителите да се информираат околу правилниот начин на исхрана,како и совети околу имунолошкиот статус за здрав развој на детето. Еден од главните предуслови за здрав развој на децата од претшколска и школска возраст е здравата и правилна исхрана. За жал, брзиот и динамичен живот наметнува поинакви, нездрави навики не само на возрасните, туку и на најмалите. Готовите оброци и брзата храна стануваат дел од секојдневието на се поголем број на деца - што придонесува за проблеми со здравјето во подоцнежните фази од нивниот развој, велат од компанијата за здрава храна Виталиа, која редовно ги подржува и иницира кампањи кои се директно насочени кон подобрување на квалитетот на животот и стекнување на здрави навики, со посебен акцент на најмладите– децата.
„Виталиа е општествено одговорна компанија која веќе 20 години од се срце се грижи за здравјето на нашето население. Оттука со големо задоволство се приклучивме на оваа извонредна кампања која има за цел едукација на родителите и негователскиот кадар за подобра грижа, нега и внимание на бебињата преку нивна здрва исхрана и одгледување. Искуството кое го стекнавме овие 20 години и експртизата во производството на здрава храна го преточивме во советодавни предавња за начинот на исхраната на бебињата што ќе овозможи нивен правилен понатаможен раст и развој” – изјавуваат од Виталиа.
Ова е продолжение на проектот „5-ка за здрава храна“ за кој компанијата во 2013 ја доби престижната 13 Ноемвриска награда.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии