16 Мај, 2024
0.0322

ТРИБИНА НА НАРОДНАТА БАНКА: Економското новинарство од осамостојувањето до денес - придонесот во информирањето и финансиската едукација

Објавено во: Финансии 30 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

„Денес постои консензус дека јасната, ефективна и едноставна комуникација на централните банки e една од клучните алатки во исполнувањето на нивните мандати. Преку својата комуникација тие влијаат врз очекувањата, ја намалуваат неизвесноста и создаваат попредвидлив амбиент, а на тој начин и реакциите на економските субјекти стануваат попредвидливи“, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на трибината со новинарите, под наслов „Економското новинарство од осамостојувањето до денеска ‒ улогата на новинарите и Народната банка во информирањето и финансиската едукација на јавноста“, којашто Народната банка ја организира како дел од мозаикот настани посветени на одбележување на триесетгодишнината од нашето монетарно осамостојување.

На трибината, под водство на новинарот Горан Теменугов, своите видувања ги искажаа поранешни и сегашни новинари, Герман Филков, Сузана Фиданска, Нина Нинеска-Фиданоска, Младен Чадиковски и Мирче Јовановски.

Правејќи споредба низ годините наназад, гувернерката посочи дека последниве години се случува голема промена во однос на целната група за комуникација на централните банки при што периметарот се прошири од финансиските пазари и експертите, кон пошироката јавност.

„Нашите цели, инструменти, мерки стануваат покомплексни, поврзани со конкретни прашања што се од директно значење за општата популација, а тоа бара поедноставен, полесен, побрз и подиректен начин на комуникација. Една од повидливите промени се новите канали на комуникација, особено социјалните медиуми, но и сѐ поголемата посветеност на економската и финансиската едукација. Овие чекори на приспособување на комуникацијата кон новите бранови на дигитализацијата и сѐ поголемото приближување кон пошироката јавност се неопходни, во свет во којшто централните банки се соочуваат со деликатни предизвици, проширување на нивните мандати и иновирање на нивниот монетарен инструментариум“, рече Ангеловска-Бежоска.

На трибината меѓу новинарите беа отворени темите за значењето на едноставноста и јасноста на информацијата којашто се пренесува до јавноста. Поранешниот новинар Герман Филков истакна дека транспарентноста е веќе дел од политиките коишто ги водат централните банки и дека ефикасноста и ефективноста од водењето на монетарната политика се тесно поврзани со споделувањето на нејзините одлуки. Заедно со Теменугов го посочија и значењето на приспособувањето на информациите коишто се пласираат во јавноста на целната публика, односно приспособувањето на содржината и за пошироката јавност.

Нина Нинеска-Фиданоска од економскиот  портал Фактор, се осврна на новите, дигитални медиуми и нивната улога во современиот медиумски екосистем. Посебно се осврна на лажните вести, како нуспроизвод на новите медиуми, и брзината со која се пренесуваат информациите.

„Затоа ние, релевантните и кредибилни медиуми, се разликуваме од другите. Затоа што секоја информација што ќе излезе на интернет просторот, целосно ја проверуваме кај сите надлежни чинители, и потоа ја пласираме како еден точен и проверен новинарски производ“, рече Нинеска-Фиданоска.

На оваа дискусија се надоврза Чадиковски, кој посочи дека кредибилитетот на медиумите глобално е помал во однос на минатото, што главно се должи на новите услови во кои функционира новинарството и трката со времето да дојдете прв до информација. 

Сузана Фиданска се осврна на улогата на јавниот сервис во формирањето на македонското новинарство и поставувањето на стандардите и критериумите во информирањето за останатите редакции. Таа истакна и дека Народната банка најмногу досега споделува информации и вести со јавноста.

На ова се надоврза новинарот Мирче Јовановски, кој посочи дека транспарентноста на институциите е основен услов за објективно и навремено информирање на јавноста. Тој истакна дека оваа констатација се однесува како на вообичаените состојби во економијата, така и на кризните ситуации како во време на корона-кризата и актуелната економско енергетска криза и високата инфлација, кога отсуството на транспарентност отвора широки врати за шпекулации со можни негативни последици за целата економија. За разлика од порано, сега информациите, но и дезинформациите патуваат со брзина на светлината, поради што институциите треба да бидат во состојба на постојана будност и навремено да изнесуваат факти, а Народната банка е еден од посветлите примери на такви институции, посочи Јовановски.

Во присуство на новинари од економските редакции на сите медиуми се разви богата дискусија за транспарентноста на Народната банка, при што беше истакната досегашната соработка и отвореноста во комуникацијата, како сегашен и натамошен императив за квалитетно економско новинарство и поддршка на транспарентноста за ефикасно спроведување на монетарната политика.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!