A1 Македонија ги отвора вратите за идната генерација на млади професионалци преку практикантската програмата A1 WayUp
Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2025 10:11
И оваа година, по петти пат, A1 Македонија ја
реафирмира својата посветеност кон поддршката на младите таленти, преку
уникатната платена програма за пракса, A1
WayUp. Програмата нуди извонредна можност за најперспективните
студенти да го направат првиот чекор во својата професионална кариера, во рамки
на некои од најдинамичните и значајни области:
автоматизација, анализа
и визуелизација на податоци, развој на платформи, IT инфраструктура, сајбер
безбедност, технички сервиси, ИКТ решенија, корпоративни комуникации, бизнис
трансформација и човечки ресурси.
Програмата започнува на 1 октомври 2025 година и трае шест месеци со полно работно време ,40 часа неделно. Учесниците ќе бидат целосно интегрирани во работниот процес на A1, ќе работат на реални и иновативни проекти и ќе имаат континуирана поддршка од искусни ментори и експерти од својата област. Како дел од тимот, ќе уживаат бенефиции еднакви на оние на сите вработени во компанијата.
Преку структурирани обуки и пристап до напредни ресурси, A1 WayUp овозможува стекнување на практични знаења, развој на професионални вештини и подготвеност за идни предизвици во бизнис и технолошката сфера.
Повикот за аплицирање е отворен од 23 јуни до 27 јули 2025 година, за 12 отворени позиции. Заинтересираните студенти треба да достават кратка биографија преку кариерната страница на A1 Македонија, избирајќи една од достапните позиции во рамките на програмата.
Процесот на селекција опфаќа проценка на потребните компетенции, анализа на личните карактеристики и завршно интервју, со цел идентификување на кандидатите кои најдобро се вклопуваат во организациската култура и динамиката на A1.
Избрани ќе бидат 12 студенти, кои ќе добијат можност да започнат со својата професионална трансформација во реномирана компанија која ги негува иновацијата, развојот и талентот.
Апликациите за A1 WayUp – Generation ’25 можат да се поднесат на следниот линк.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“




