20 Април, 2024
0.0461

А1 Македонија ја лансира А1 Xplore ТV , телевизија на новата генерација

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

А1 Македонија, членка на А1 Телеком Австрија Групацијата, операторот со најголем број корисници и најбрз мобилен интернет во земјата, лансира А1 Xplore ТV, телевизија на новата генерација поддржана од Zappware.

Со А1 Xplore TVкорисниците добиваат пристап до телевизија на сите екрани: ТВ уред, лаптоп, смартфон или таблет. Ова решение преку нов интерактивен интерфејс им овозможува на корисниците следење на омилената ТВ – содржина кога било и каде било. Имено, својата омилена програма сега корисниците можат да ја следат на својот ТВ уред и доколку имаат потреба истата да ја прекинат и да продолжат да ја гледаат на својот мобилен телефон од истото место кадешто  застанале. А1 Xplore ТV нуди врвно искуство со HD – квалитет на слика и со Dolby audio звук како и директен пристап до апликациите YouTube и YouTube Kids.

A1 Xplore ТV овозможува избор на голем број разновидни ТВ канали и тоа повеќе од 200 ТВ и радио содржини, како и следните функционалности:збогатен детален програмски водич, пребарување на содржини низ програмскиот водич и видеотеката, снимање на омилената серија или цела сезона, како и родителска заштита и контрола на содржината според возраста.

A1 Xplore TV константно учи од навиките на гледање на корисникот и соодветно на тоа му препорачува содржини што се порелевантни за него.

 “Следејќи го развојот на потребите на корисниците, постојано работиме на воведување нови производи и услуги кои го подобруваат корисничкото искуство и овозможуваат повеќе забавни содржини. Новото време бара и поголемо разбирање на корисниците и подобро прилагодување на услугите за секој корисник поединечно. A1 Xplore TV покрај сите напредни функционалности, нуди и персонализиран пристап со препораки за содржини прилагодени на секој корисник. Ни претставува особено задоволство што благодарение на можностите на А1 Телеком Австрија Групацијата и партнерот задолжен за имплементација на новата платформа, Zappware, успеваме услугите кои се во чекор со светските трендови да ги донесеме и на нашиот пазар. Остануваме посветени на заложбите за континуирано усовршување на ТВ искуството на нашите корисници”, изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.

“По лансирањето на A1 Xplore TV во Бугарија, Словенија и Хрватска, со гордост го претставуваме искуството на A1 Xplore TV во Македонија. Нашиот систем обезбедува корисничко искуство што ги инспирира сите генерации дури и на најпребирливите корисници кои уживаат во едноставно пребарување на содржините. Со нетрпение го очекуваме идниот раст на A1 Xplore TV во А1 Телеком Австрија Групацијата”, изјави Патрик Вос, Извршен партнер на Zappware.

А1 Xplore TV е дел од тековното A1 Combo портфолио кое нуди интернет, најквалитетна телевизија на пазарот со ексклузивна можност за креирање на ТВ програмската шема и мобилни услуги. Покрај тоа, со A1 Combo корисниците добиваат и дополнителна субвенција за набавка на уред. Така, со најпопуларната комбинација A1 Net M + TV M со две мобилни линии A1 Neo M+ корисникот добива можност да одбере 4K HDR, Xiaomi 4S 43’’ телевизор со андроид оперативен систем за 0 денари.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга