А1 Македонија со демант: „Get in the ring Skopje 2020“ нема да се одржи
Објавено во: Мои пари 13 Март, 2020 10:34
Натпреварот за претприемништво „Get in the ring Skopje 2020“ нема да се одржи. Ова станува јасно од информацијата која А1 Македонија ја проследи до медиумите како демант на тврдењата од страна на организаторот на настанот, Студентски парламент на ФИНКИ .
Од А1 Македонија потенцираат дека информацијата на организаторите е погрешна и некоординирана со нив.
„Би сакале да ве известиме дека А1
Македонија активно ги следи сите случувања поврзани со COVID – 19 вирусот во земјата и во регионот и следствено на тоа, минатиот месец ги
одложи сите предвидени настани, меѓу кои и натпреварот за претприемништво „Get in the ring Skopje 2020“, кој требаше да се одржи во просториите на компанијата. Објавената информација од страна на
организаторот на настанот, Студентски парламент на ФИНКИ е грешна и
некоординирана со А1 Македонија.
Уште еднаш потенцираме дека А1 Македонија одговорно ги следи препораките на СЗО и Министерството за здравство и ги презема сите мерки за заштита на вработените и корисниците и ќе продолжи да реагира согласно ситуацијата и препораките. За сите активности и настани на компанијата ќе бидете уредно и навремено известени“, стои во реакцијата на А1 Македонија.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




