19 Декември, 2025
0.0396

A1 Македонија заедно со деловните корисници во Тетово на тема сајбербезбедност

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2024 11:19

Добивај вести на Viber

По големата конференција A1SecuriThink на тема „Заштитете го вашиот бизнис“ во Скопје, А1 Македонија организираше средба со деловните корисници овој пат во Тетово, на која најголемите и влијателни бизнисмени во овој регион имаа можност да слушнат за најновите трендови и стратегии во дигиталната индустрија за заштита на бизнисите и на организациите од сајбернапади. 

На средбата беа презентирани светските и домашните искуства во областа на сајбербезбедноста, пред сè во доменот на заштита од сајбернапади, како и дел од услугите што А1, како доверлив партнер, ги нуди во своето портфолио.

Kонференцијата ја отворија директорот за продажба на А1 Македонија, Александар Сарџовски, и директорот за бизнис-продажба и ИКТ-услуги, Стевчо Ристевски, кои ја нагласија визијата на А1 Македонија да биде двигател на дигитализацијата на македонското општество, да го поттикне дигиталниот начин на живеење и, пред сè, да понуди дигитални алатки и решенија што ќе обезбедат безбедност во сајберпросторот за успешно водење на бизнисите.

„Нашата посветеност во обезбедување пристап до најбрзата мобилна и супериорна оптичка мрежа, преку која ги нудиме најдобрите можни дигитални ИКТ-решенија како и најдобрите решенија за сајберзаштита на бизнисите, се препознаени од нашите деловни корисници и затоа низ годините успеавме да изградиме доверлив и партнерски однос“, истакна Сарџовски.

„Искрено веруваме дека средбите во оваа форма се од големо значење за нашите корисници, кои, пак, покажаа огромна заинтересираност за најновите случувања и за најдобрите практики во сајбербезбедноста. На оваа средба во Тетово, тие се уверија дека нашиот тим експерти од А1 се на располагање за да обезбедат поддршка на секој чекор од патот за користење на овие услуги што процесот на имплементација на нашите решенија го прави многу полесен и поедноставен“, потенцира Ристевски.

Пред публиката составена од клиенти од различни индустрии, детали на темата презентираше раководителот на одделот за ИКТ-решенија и партнерство Иво Пауновски, кој преку практични примери, во своето излагање ја истакна сериозноста од сајбернапади и важноста од заштитата на компаниите во сајберпросторот и одблиску ги презентираше решенијата за сајбербезбедност што се нудат во портфолиото на А1 Македонија.

А1 Македонија продолжува со организација на средбите и во наредниот период.

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка