05 Декември, 2025
0.1629

Абдулменаф Беџети и Петар Гошев алармираат: Долгот надмина 45 %, Македонија е во опасна зона!

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2012 08:00

Добивај вести на Viber

И академикот Абдулменаф Беџети потврдува дека вкупниот јавен долг изнесува околу 46% од Бруто Домашниот Производ. По изјавата на поранешниот гувернер Петар Гошев дека јавниот долг достигнал 45 отсто од БДП и професорот Беџети за “Фактор“ вели дека овие бројки ја одразуваат реалната состојба со задолжувањата. “Треба да се расчисти дека се работи за две методолошки мерења, односно дека станува збор за два вида на задолжување. Во првиот случај се работи за Јавен долг на централна Влада, тоа е оној долг што го објавува Министерството за финансии. Во вториот случај се работи за вкупниот јавен долг, тоа е овој долг од 46% во кој освен долгот на централната влада се вклучени и долговите на општините, јавните претпријатија и сите други институции и фирми што се под државна капа“ – објаснува академикот Беџети. Повеќе од една ипол година Министерството за финасии не го објавува вкупниот јавен долг туку само долгот на централната Влада и тој во овој момент изнесува 30,2%. Анализата покажува дека и овој долг е во континуиран пораст. Токму на тоа вчера укажа и поранешниот гувернер Гошев. Според него долгот е многу поголем од официјалниот затоа што во официјалниот долг не се вкалкулирани долговите на монетарната власт, јавните фондови, на општините, на градот,  на јавните претпријатија. Сите тие вели Гошев го сочинуваат вистинскиот јавен долг и тој сигурно изнесува 45 % од БДП. “Доколку се вкалкулираат целосните податоци вклучувајќи ги и новите задолжувања на државата во висина од 300 милиони евра за буџетскиот дефицит, тогаш јавниот долг ќе надмине 45% од БДП“- посочи Гошев. Но бидејќи, Министерството за финансии нецелосно ги објавува податоците за јавниот долг , потребно е да се предвидат најостри санкции во кривичниот законик, беше кажано на вчерашната експертска дебата под наслов “Чии се вашите пари“. Додека Министерството за финансии го објавува само долгот на централната влада, Народната Банка, пак ги објавува податоците за бруто и нето надворешните задолжувања. Така, недостасува  податокот за тоа колку изнесуваат вкупните државни долгови дома и во странство. Последните расположливи пдатоци за Вкупниот Јавен долг се однесуваат на 2010 та година кога тој достигнал 35,4% од БДП, а сегашните, на кои посочија Гувернерот Гошев и, за Фактор Академик Беџети, тој се движи околу 45 - 46 % од БДП, што ја става Македонија во прилично непријатна ситуација. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“