19 Декември, 2024
0.0274

За плати на вработените во АД МЕПСО 17 отсто повеќе за една година: Покачување, К-15 и нови вработувања во пандемија

Објавено во: Економија 30 Август, 2021

Добивај вести на Viber

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не било пречка за платите просечно да се зголемат за 17 отсто. Ова го покажува извештајот за финансиско работење на националниот преносител на електрична енергија за минатата година. Според податоците, за плати на вработените биле издвоени за 1,165 милиони евра повеќе во однос на една година претходно.

- Бруто платите на вработените се исплатуваат согласно позитивните законски прописи, Законот за исплата на плати, важечките Колективни договори, интерните акти. Во тековната 2020 бруто платите се реализирани на износ од 493.164 илјади денари и истите се реализирани на повисоко ниво за 17 отсто споредено со вредноста на бруто платите во минатата година во износ од 421.485 илјади денари, се вели во објаснувањето што го дава АД МЕПСО таму.

2020 завршила со 657 вработени во акционерското друштво во државна сопственост, а просечната месечна бруто плата била 60.650 денари. Во 2019 просекот на плата бил 57.500 денари. Од компанијата велат дека зголемувањето се должи на „флуктуацијата на вработените, зголемениот број на вработени, порастот на повисоката квалификациска структура на вработените и порастот на платите за 5 проценти според Законот за исплата на плати“. За регрес за годишен одмор биле исплатени 20 милиони денари.

Од 1 август минатата година за пазарот на електрична енергија на АД МЕПСО му беше одобрено зголемување на тарифата од 0,0049 на 0,0081 денари по киловат час, што делумно влијаеше на поскапувањето на цената на струјата.

Големиот пад во приходите, односно најголемо влијание на загубата има големата негатива во прекуграничните аукции. Приходите биле само 15 милиони евра, споредбено со 27,8 милиони евра во 2019. Од МЕПСО велат дека ова се должи на новововедените правила од почетокот на 2020 со прекуграничното купување и продавање струја во размената со Грција, Србија и Бугарија.

55 милиони евра изнесувале вкупните приходи. Пренесените количини на електрична енергија минатата година биле речиси исти. Дополнителен ќар за македонскиот преносител на електрична енергија, како што се вели во извештајот, е наплата од 68 милиони денари банкарска гаранција, или повеќе од 1,1 милиони евра. Од таму велат дека станува збор за неисполнување на обврските од договорот со Бетон Штип за нанесување на фасада на управната зграда на АД МЕПСО во Скопје.

- Имено, согласно условите предвидени со Договорот за јавна набавка на работи од 31.12.2013, за изведба на реконструкција и адаптација на фасада на административна зграда, АД МЕПСО изврши наплата на банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите поради неисполнување на обврските од Договорот од страна на ГД Бетон Штип, се вели во резимето на извештајот.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Колку милиони евра ќе плати Град Скопје за струја во период од една година?

Колку милиони евра ќе плати Град Скопје за струја во период од една година?

КАКО ЗАСВЕТИ ЗЛАТОТО НА „ЗЛАТАРА РУБИН“ - на приходи од 1,1 милиони евра, еве колкава е ланската добивка

КАКО ЗАСВЕТИ ЗЛАТОТО НА „ЗЛАТАРА РУБИН“ - на приходи од 1,1 милиони евра, еве колкава е ланската добивка

СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ХАКЕРИ КРАДАТ ПАРИ ОД КРИПТО СТАРТАПИ: Прво се претставуваа како лажни работници, а сега се лажни инвеститори

СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ХАКЕРИ КРАДАТ ПАРИ ОД КРИПТО СТАРТАПИ: Прво се претставуваа како лажни работници, а сега се лажни инвеститори

ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА МОЖАТ ДА СКОКНАТ ДО 70 ЕВРА! Еве ги прогнозите на аналитичарите

ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА МОЖАТ ДА СКОКНАТ ДО 70 ЕВРА! Еве ги прогнозите на аналитичарите

ПУШАЧИТЕ СИ ГИ „ГОРАТ“ ПАРИТЕ: Што би можеле да направат со финансиите кои ги трошат за овој порок?

ПУШАЧИТЕ СИ ГИ „ГОРАТ“ ПАРИТЕ: Што би можеле да направат со финансиите кои ги трошат за овој порок?

ДУБАИ ЧОКОЛАДОТО ЈА ПОЛУДЕ ЕВРОПА: Луѓе во редици чекаат и по 10 часа, на црниот пазар чини 300 евра!

ДУБАИ ЧОКОЛАДОТО ЈА ПОЛУДЕ ЕВРОПА: Луѓе во редици чекаат и по 10 часа, на црниот пазар чини 300 евра!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Струјата минимално ќе поскапи од 1 јануари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Струјата минимално ќе поскапи од 1 јануари

Берзите мируваат, каматите се движат

Берзите мируваат, каматите се движат

БОЖИНОВСКА: Ja поздравувам одлуката на РКЕ за минимално покачување на цената на електричната енергија

БОЖИНОВСКА: Ja поздравувам одлуката на РКЕ за минимално покачување на цената на електричната енергија