„Аџибадем Систина“ со донација на медицински униформи за „Св. Еразмо“ од Охрид
Објавено во: Мои пари 20 Март, 2015 16:35
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ донираше медицински униформи и други производи за потребите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид.
Околу 3000 парчиња медицински униформи и други производи (бањарки, пешкири, ноќници, детски и машки пижами, наметки, постелнина) за потребите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид, денеска беа донирани од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
„Ни претставува чест и задоволство што денеска со нашата донација ќе го дадеме својот удел во подобрување на условите во болницата. Горди сме што заедно ќе бидеме пример и ќе покажеме дека приватното и јавното здравство можат заедно да соработуваат и дејствуваат со една и единствена цел, подобро здравство за сите. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе биде отворена за соработка, и ќе се труди да одговори на потребите на болницата“, изјавија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Во согласност со својата мисија и визија за унапредување на квалитетот во здравството и грижата за здравјето, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе продолжи и во иднина да ги остварува своите задачи како општествена одговорна компанија. За таа цел ќе се реализираат повеќе проекти за унапредување на здравствениот систем во Р Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




