Aдминистративни предмети ќе се следат преку мобилни технологии
Објавено во: Мои пари 11 Февруари, 2013 15:51
Министерството за информатичко општество и администрација почна да го спроведува пилот проектот „Воведување систем за следење предмети преку мобилни технологии“ за следење на предметите во администрацијата со користење на бар кодови.
- Станува збор за решение со кое секој документ во администрацијата ќе биде одбележуван со бар код и ќе содржи архивски број со кој ќе може да се следи каде е испратен, колку време стои на тоа место, кој го потпишал и кој го испратил. Со ова решение администрацијата ќе добие во ефикасност и продуктивност и ќе може да се води ефикасна евиденција кој работи и каде заглавуваат предметите, рече министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешната прес-конференција.
Проектот, додаде, првпат е воведен во Финска каде функционира во поголем број градови, а во Македонија најмногу ќе им помогне на малите подрачни единици.
- Решението ќе овозможи секој вработен со користење на својот мобилен телефон кој има камера и интернет, без разлика на моделот, да ги сними документите и да ги испраќа од еден до друг вработен во администрацијата. На крајот на денот ќе може да се извади статистика по часови и по денови за определен документ каде и колку време стоел, појасни Ивановски.
Во напредна фаза, нагласи, податоците ќе ги отвориме за сите граѓани кои откако ќе добијат архивски број и бар код за нивното барање ќе можат да го скенираат бар кодот и да го видат статусот на предметот и каде стои на потпис.
- Со воведување на овој систем нема да има потреба граѓаните да доаѓаат во институциите и да прашуваат до каде е нивното барање, туку и самите ќе можат да видат каде е заглавен нивниот документ, истакна Ивановски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје





