16 Декември, 2025
0.0529

„Адриа ервејс“ сака да стане нискобуџетна компанија – по Велигден почнува да ја наплаќа храната

Објавено во: Балкан 18 Април, 2014 11:09

Добивај вести на Viber

Словенечкиот авиопревозник „Адриа ервејс“ веднаш по Велигденските празници нема повеќе да нуди бесплатен оброк и пијалоци  на повеќето свои летови во економска класа. Услугите ќе останат само во бизнис класа и на изнајмените чартер-летови. Преку новата услуга Скајшоп, патниците на Адриа ќе можат да купуваат храна по сопствен избор и пијалоци во авионите. На овој начин словенечкиот национален авиопревозник се обидува да воспостави модел кој е комбинација на класична авиокомпанија и нискобуџетен превозник, најави директорот за маркетинг на „Адриа ервејс“ Изток Франко. Истовремено, на овој начин „Адриа“ се обидува да се избори и со се посилната конкуренција од нискотарифните авиокомпании. „Поради трендовите што ги диктираат нискобуџетските компании, се менуваат и очекувањата на патниците и на нивните одлуки битно влијаат фактори како цената, возниот ред и безбедноста, додека останатите услуги како багаж, храна, резервација на седиште доаѓаат во втор план“,вели Франко. Словенечката авиокомпанија во првите три месеци оваа година го зголемила бројот на превезени патници за 10%, додека просечната цена на билетот е намалена за околу 5%. „Адриа ервејс“ лета и на релацијата Скопје-Љубљана, која претставува важна конекција за многу европски дестинации за патниците од Скопје.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени