Адвокатите чекаат „црно на бело“ во кој затвор ќе оди Груевски
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2018 13:04
Поранешниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, пред судот денеска изјави дека не му се познати сите аргументи за исклучувањата на членови од ВМРО – ДПМНЕ, но алудираше на тоа дека со последните „чистки“ се создава хомогена партија со единствено и силно мислење.
- Јас не ги знам сите аргументи и докази на раководството и врз основа на кои ги дели одликите за исклучувања и разрешувања, затоа би се воздржал од коментар. Она што го знам е дека е потребно едно силно обединето и победничко ВМРО-ДПМНЕ кое ќе го урне ова зло во Македонија. Во минатото се покажа дека секогаш кога ВМРО е силно, силна е и Македонија - рече Груевски.
Адвокатите на Груевски потврдија дека во понеделникот ја добиле извршната пресуда за случајот „Тенк“, а сега чекаат да биде формиран упатниот акт на кој ќе биде означен датумот, часот и затворот каде Груевски ќе треба да се јави.
Инаку во последно време се споменува рековираниот затвор во Куманово, каде што отслужуваат затвореници со помали казни од три години, додека екс-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е санкциониран со две години.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци




