17 Ноември, 2025
0.0373

Адвокатот бара помала, Фетаи повисока казна: Пресудата за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова чека одлука од Апелациониот суд

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2025 18:04

Добивај вести на Viber

Пред Апелациониот суд Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 13 мај годинава со која Васил Јованов беше осуден на казна затвор  од 12 години, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Преку барање на повисока казна, не бараме освета, бараме правда којашто ќе спречи идни трагедии, бараме правда што ќе испрати јасна и гласна порака дека човечкиот живот е неприкосновен, вели јавната обвинителка Фатиме Фетаи. 

Ставот на Вишото јавно обвинителство Скопје, посочи Фетаи во изјава за медиумите по денешната јавна седница пред Апелациониот суд Скопје, е дека жалбата на Обвинителство треба да биде уважена, а жалбата на одбраната треба да биде одбиена како неоснована. 

-Првостепената пресуда со којашто обвинетиот Васил Јованов е огласен виновен за кривичното дело да биде преиначена, на начин што истиот ќе биде осуден на повисока казна затвор. Максимум за ова кривично дело знаете е 20 години затвор, вели Фетаи. 

Главната дилема, всушност, како што посочи Фетаи и главен аргумент на одбраната, е дека ова е навистина досега највисока изречена казна за ваков вид кривични дела. 

-Меѓутоа, судската пракса првенствено не е формален извор на правото, туку секој кривичен предмет е засебен и треба да бидат ценети сите околности на случајот, поврзани со тој предмет, меѓутоа поврзани и со личноста на сторителот. Сите околности од член 39 од КЗ, коишто стојат на страна на обвинетиот упатуваат на неопходност од негова осуда на повисока казна затвор, изјави Фетаи. 

Во однос на судската пракса, според Фетаи, казната затвор не е само бројка, туку став, и одразува какви вредности всушност ние штитиме.

Таткото на Фросина Кулакова, во изјава за медиумите по денешната јавна седница, рече дека  судската пракса мора да се исправи и да се воспостави правда и конечно да се стави крај на озогласена пракса на минимални казни за најтешките злосторства и убиства во сообраќајот. 

- Како е можно во земја каде секојдневно ни гинат луѓе на улиците да нема ниту еден случај со максимална казна. Тоа не е случајност, тоа корупција што ја изела правдата. Токму тоа се случи и во нашиот случај.  Апелациониот суд мора да го исправи овој тежок криминал и беззаконие. Овој случај мора да има пресвртница, да се врати силата на законот и правдата за жртвите, изјави Кулаков.

Кулаков, исто така, најави дека како семејство ќе поднесат кривични пријави против судијките Даниела Алексовска и Снежана Марковска, каки и претставка до Судскиот совет за нивно разрешување. 

Мајката на Фросина Кулакова, во изјава за медиумите по денешната јавна седница, рече дека денеска во судница повеќе од четири часа слушале за тоа колку млад и успешен спортист бил Васил Јованов, а дека никој не ја споменал Фросина и колку успешна била таа.

-Кој не спомена нас. Каде сме ние. Ние сме духовни инвалиди станати. Таа допре до толку многу луѓе, зато беа такви и протестите... Признанието на вина нема тежина во овој случај, бидејќи фактите се многу јасни. Освен тоа, каењето, искреното каење, какво е тоа, кога првиот ден во притвор тој се снабдува со мобилен телефон. Дали е тоа вистинско каење, па за да може да влијае на постапката. Тоа е чиста реторика, манипулативно, само за да се добие пониска казна. За мене 12 години се многу малку, ништо нема да ја врати. 12 години можеби за него се многу, но за еден живот тоа се ништо, изјави Кулакова. 

Во овој случај сметам дека се сака да се оди на лов на вештерки и ако 12 години казна е изречена некогаш во историјата на правото на Македонија. Пресудата од 12 години тврдам е донесена под огромен притисок од јавноста, тука важеше начелото „око за око, заб за заб“, изјави бранителот на Васил Јованов, адвокатот Сашко Дуковски, во изјава за медиумите по денешната јавна седница пред Апелација, по жалбите на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 13 мај годинава со која Јованов беше осуден на казна затвор  од 12 години за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Според Дуковски, судот испитува дали признанието на вина е доброволно дадено и дали каењето е вистинско, посочувајќи дека тоа е направено повеќе пати и дека тоа го потврди и вештачењето.  

-Не може четири пати да се каете. На судењето пред првостепениот суд ние изведовме како доказ видео веднаш после настанот каде што се гледа искрено, категорично и недвосмислено каење со зборовите „леле што сторив, греота за девојчето“. Тоа не е искрено? На самото рочиште го кажа тоа, кај судијата на претходна постапка, во вештачењето. Не можете вие да го измамите вештото лице, кое што е вештак Маркециќ, ангажиран од страна на Обвинителството долги години, кој што тврди дека каењето е сериозно, лично и недвосмислено, изјави Дуковски.

Според Дуковски, многу потешка сообраќајка со два повеќе престапи, како бегање од лице место и со повреда на уште едно лице, а се друго исто, завршиле со осум години затворска казна. 

-Тоа е целта на признанието на вина. Да се избегнат скапи и долги судења, да му се каже на обвинетиот дека не се исплати да се занимава со криминал, но и тој да добие некој бенефит. Каков бенефит вие имате со 12 години. Пресудата од 12 години тврдам е донесена под огромен притисок од јавноста, тука важеше начелото „око за око, заб за заб“ и јавноста му пресуди на Васил Јованов. Јас не барам да му се даде орден за тоа што го направил, но да се даде разумна казна во рамките на судската пракса досега за вакви кривични дела. Инаку, сообраќајки имало и ќе има, изјави Дуковски. 

Основниот Кривичен суд Скопје на 13 мај, годинава, му изрече казна затвор од 12 години на Васил Јованов, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) „ЛОЈАЛНОСТА КОН УСТАВОТ Е ДОЛЖНОСТ НА СИТЕ“: Костадиновски го честиташе Денот на Уставот

(ВИДЕО) „ЛОЈАЛНОСТА КОН УСТАВОТ Е ДОЛЖНОСТ НА СИТЕ“: Костадиновски го честиташе Денот на Уставот

ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?

ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?

ГО ТУРНАЛЕ НА ЗЕМЈА, ГО УДИРАЛЕ СО КЛОЦИ И МУ ОДЗЕМЕ 8.800 ДЕНАРИ: Еден осомничен за разбојништво во Скопје

ГО ТУРНАЛЕ НА ЗЕМЈА, ГО УДИРАЛЕ СО КЛОЦИ И МУ ОДЗЕМЕ 8.800 ДЕНАРИ: Еден осомничен за разбојништво во Скопје

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ ПРЕД ДА ФРЛИТЕ ЃУБРЕ: Од денес тапува на сила забраната за фрлање смет од 22 до 6 часот

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ ПРЕД ДА ФРЛИТЕ ЃУБРЕ: Од денес тапува на сила забраната за фрлање смет од 22 до 6 часот

САЈКОВСКИ ОТКРИВА: Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку загрижена за состојбата во која се наоѓа СДСМ

САЈКОВСКИ ОТКРИВА: Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку загрижена за состојбата во која се наоѓа СДСМ

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ОБИКОЛКА: Проверуваше дали Скопје е чисто

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ОБИКОЛКА: Проверуваше дали Скопје е чисто

МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји

МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА БАЛКАНОТ: Ќе имаме екстремни врнежи, предупредува Попоски

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА БАЛКАНОТ: Ќе имаме екстремни врнежи, предупредува Попоски

(ВИДЕО) Полицијата натера возач да ги исчисти градежните остатоци што му паѓаа од камионот

(ВИДЕО) Полицијата натера возач да ги исчисти градежните остатоци што му паѓаа од камионот