18 Декември, 2025
0.0597

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2025 09:39

Добивај вести на Viber

Криминалот на СДС и ДУИ во македонска Лотарија доби уште една институционална потврда. Државниот завод за ревизија констатира серија сериозни нерегуларности во финансиското работењето на институцијата под раководството поставено токму од СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално.

ДЗР утврди дека постои злоупотреба на 2 милиони евра, пари на граѓаните кои Перпарим Бајрами и Артан Груби ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. И сето ова се случувало додека СДС слепо и немо го одобрувале криминалот и злоупотребите на експонентите на ДУИ, како лицата во бегство Груби и другар му Бајрами.

Како што прашувавме и во минатото, така и сега прашуваме дали СДС и ДУИ го дозволиле првиот, од многуте криминали во Лотарија од два милиони евра и на кои сметки завршиле овие пари?

Јавноста заслужува да знае, со кое право СДС го прикривале криминалот на кадарот на ДУИ и зошто обвинителството толку време не постапувало, иако како ВМРО-ДПМНЕ долго време наназад, јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија.

Извештајот на ДЗР е само уште една потврда во низата за начинот на кој СДС и ДУИ раководеа со државните институции. Ги уништија претпријатијата, ги испразнија буџетите и ги испокрадоа парите.

Сега веќе го нема нивниот обвинител Љупчо Коцевски за да ги штити и одговорност како за ова и за останатите криминали мора да има.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации