16 Декември, 2025
0.0450

АДВОКАТОТ СТОЈКОВ: На Палевски за три години му позајмив 20.000 евра

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2024 15:45

Добивај вести на Viber

Адвокатот Васко Стојков денеска во судот објасни како го однел со возило првообвинетиот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски во Белград. 

Детално раскажа каде бил на 30 ноември 2023 година.

„Бев дома утрото, а потоа заминав во Белград со Љупчо Палевски. Утрото околу 8.30 часот ми се јави Палевски, дали знам нотар што работи во четврток, кој беше неработен ден. Реков дека не знам. Ме викна во партија на кафе, таму ме чекаше Влатко Кешишев, ми рече Палчо не е тука, ајде да одиме кај него. Влезе во колата, тргнавме накај Аеродром, кон Фондот за пензиско, и таму влеговме во еден стан каде беше Палевски. Во станот беше уште едно лице кое не го познавам. Таму прво коментиравме околу самата зграда, па зборувавме зошто му е нотар. Рече дека сака да оди прво до Белград, а потоа до Турција на лекар, но дека нема кола за преку граница, дека нема полномошно од нотар да го вози надвор од граница возилото на партијата, а тоа беше комбе „фиат добло“. Му реков дека јас можам да го однесам“, додаде адвокатот. 

Тој објасни дека со Палевски се познава од 2016 година. Прво биле познаници, па почнале повеќе да се дружат и станале пријатели. Имале релации преку партијата, но и приватни. 

„Палевски во одредено време имаше потреба од пари. Му се извршуваше нешто, требаше стан да му извршат, му позајмив пари, не се изврши станот, после тој го продаде и ми ги врати парите. За три години му позајмив 20.000 евра“, рече Стојков.

Палевски му кажал на адвокатот дека е во Турција, додека тој бил во полиција.

Објасни дека имале доверба еден во друг. Распитот на сведоци за убиството на Вања и на Панче продолжува во петок, на 15 ноември, кога се очекува да сведочи Гоце Трајковски, кој помогнал да се обезбедат снимките од камерите.

Вања Ѓорчевска која имаше само 14 години и велешанецот Панче Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје, односно Велес на 3 декември лани. Турската полиција го уапси Палевски во градот Баликесир. 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“