„Аџибадем Систина“ домаќин на трката „Croatia osiguruvanje business run 5K 2025
Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2025 14:03
Во духот на спортот и тимската енергија, традиционално се одржа деловната трка на 5 км, „Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2025", на која Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше горд домаќин. Стартот и финишот беа поставени пред болницата, каде што се собраа стотици учесници од најразлични компании, обединети со иста цел - промоција на здрави навики, деловно дружење, забава и тимска поврзаност.
Оваа трка, која секоја година ги зближува компаниите преку спорт, рекреација и дружење, успешно го поттикнува натпреварувачкиот дух меѓу учесниците.

На настанот учествуваа бројни компании со свои тимови, а „Аџибадем Систина“ и „Премиум спорт центар“ се претставиja со тим од над 50 учесници, кои со голема енергија и ентузијазам ја истрчаа целата патека, гордо носејќи ги боите на нашите брендови.

Дополнително, „Аџибадем Систина“ овозможи бесплатно мерење на шеќер во крвта за сите учесници пред почетокот и по завршувањето на трката. Учесниците имаа можност да добијат интерпретација на резултатите и корисни совети од д-р Надица Божиновска Димова, специјалист по ендокринологија.

По завршувањето на трката, следуваше неформално дружење со музика, освежување и доделување на признанија за најуспешните учесници. Просторот пред болницата беше претворен во вистинска зона на спортски дух, позитивна атмосфера и тимска мотивација.

„Аџибадем Систина“ континуирано ја негува тимската култура и во иднина остануваме посветени на иницијативи што го промовираат активниот и здрав начин на живот.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




