19 Декември, 2025
0.0454

Мрежа од 22 болници и 46 претставништва ширум светот како поддршка на грижата за пациентите во Македонија

„Аџибадем Систина“ или „Аџибадем“ во Турција: Избор според вашите потреби

Објавено во: Македонија 18 Април, 2022 10:13

Добивај вести на Viber

Квалитетен третман блиску до дома е крајната цел за сите кои се соочуваат со здравствен проблем. Тоа сега е возможно за луѓето кои живеат во Македонија благодарение на стратешката соработка меѓу „Аџибадем Систина“, водечки приватен медицински провајдер во Скопје и светски познатиот бренд Здравствена групација „Аџибадем“ во Турција. Ова им овозможува на пациентите да користат врвна медицинска услуга во нивната матична земја во „Аџибадем Систинa“, а кога одредена здравствена состојба го бара тоа, да изберат лекување блиску до дома, во „Аџибадем“ во Турција. Уникатната соработка има за цел да ја унапреди грижата за пациентите и да го подобри пристапот до висококвалитетни медицински услуги за граѓаните на Македонија.

Медицинскиот туризам бележи растечки тренд во светот. Според Организацијата за економска соработка и развој (OECD), бројот на медицински туристи во светот достигна 50 милиони, а во следната деценија  се очекува годишен пораст од 25%. Се смета дека поквалитетната нега, побрзиот пристап до медицински услуги и пристапните цени се главните двигатели за пациентите кои бараат лекување во странство.

Во согласност со овие глобални трендови, болниците „Аџибадем Систина“ и „Аџибадем“ во Турција ги здружуваат напорите, со цел на пациентите во Македонија да им обезбедат пристап до најдобрата медицинска нега достапна ширум светот, што е можно поблиску до дома, без оглед на нивната здравствена состојба. Здравствената групација „Аџибадем“, како дел од „IHH Healthcare“,  вториот по големина синџир на здравствена заштита во светот, поставува репер за клиничка извонредност во својата мрежа од 22 болници и 18 медицински центри лоцирани во 5 земји, опслужувајќи повеќе од 5 милиони пациенти годишно.

Како дел од синџирот на Здравствената групација „Аџибадем“ и нејзината мрежа на болници во Турција, Холандија, Бугарија и Србија, „Аџибадем Систина“ ги нуди највисоките стандарди во медицината во Македонија. Врвната институција вработува 210 водечки специјалисти, од кои 21 универзитетски професор признати во регионот, обезбедувајќи сеопфатни медицински услуги, од дијагноза до лекување и рехабилитација. „Аџибадем Систина“ нуди висококвалитетни услуги во областа на ИВФ третман, кардиологија, кардиоваскуларна хирургија за возрасни и деца, ортопедија, лапароскопска абдоминална и дигестивна хирургија и детска хирургија. Таа е првата болница во Македонија акредитирана од Joint Commission International (JCI), најпрестижната организација за акредитација на болници на глобално ниво.

Турскиот огранок, од друга страна, го надополнува опсегот на услуги со некои напредни опции на лекување достапни во неколку клиники ширум светот. Тие се трансплантација на коскена срцевина за педијатриски и возрасни пациенти, нуклеарна медицина, детска хирургија на мозок, операција на сколиоза и трансплантација на црн дроб. Болниците „Аџибадем“ во Турција се меѓународно познати по своите најсовремени технологии на радиотерапија за пациентите со рак. Заедно со најновите генерации на конвенционални линеарни акцелератори, високотехнолошката опрема опфаќа некои уреди како што се MRLinac за тешко достапни тумори, Gamma Knife ICON за лезии на мозокот и Cyber ​​Knife за прецизна радиохирургија низ цело тело. Пациентите кои одат на лекување во Турција можат да имаат корист од меѓународните услуги за пациенти со пристап од 360 степени, од денот на нивното прво барање до враќањето во нивната матична земја. За нивна удобност и комфор се обезбедува целосна помош при закажување лекарски прегледи, патување и сместување, трансфери на релација аеродром-болница-хотел, како и јазично толкување.

Стратешката соработка меѓу болниците „Аџибадем Систина“ и „Аџибадем“ во Турција доаѓа како природен резултат на споделени цели, знаење и стручност во реномираниот синџир Здравствена групација „Аџибадем“. Со посета на „Аџибадем Систина“ пациентите ќе имаат можност да се лекуваат во Македонија или, со оглед на медицинските барања, ќе имаат можност да добијат третман и план на патување за да се лекуваат во Турција. Се очекува да се подобрат медицинските исходи, безбедноста на пациентите и задоволството на пациентите за луѓето во Македонија.

Контакти:

070/ 258 – 416

072/ 253 – 369

macedonia@acibadem.com

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот