05 Декември, 2025
0.2508

АЕК најавува нов тендер за 4Г

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2012 12:51

Добивај вести на Viber

Нов тендер за користење на радиофреквенциите од страна на операторите за четвртата генерација мобилни телефони 4Г, со промена во тендерските услови, планира наскоро да распише агенцијата АЕК.

- АЕК наскоро ќе распише нов тендер за што сме во комуникација со операторите и оптимист сум дека овој пат тендер ќе успее. Граѓаните од септември 2014 година ќе можат да ги користат бенефитите од новата генерација мобилни телефони која нуди одлични супериорни перформанси и со сите нови телефони што ќе се продаваат во Македонија се 4Г практично ќе можат да бидат искористено максимално перформансите во таа мрежа, изјави денеска директорот на АЕК Роберт Ордановски.

Ќе следи промена во тендерските услови која, појасни, ќе биде направена на начин да се извлечат максимално перформансите од фреквенциите што ќе се ослободат со дигитализацијата на радиодифузниот простор на 800 мегахерци.

- Можно е да ги комбинираме тие фреквенции со фреквенции од друг опсег за да добиеме подобри перформанси, што е и основното барање на операторите затоа што количината на спектарот што беше понудено претходно беше недоволно за нив да ги исполнат максималните перформанси, рече Ордановски.

Тој најави дека на 4-ти следниот месец во Брисел ќе се одржи состанок за иницијативата што АЕК ја поднесе до Европското регулаторно тело БЕРЕК за намалување на роаминг-цените за македонските граѓани. Разговорите ќе се водат со Генералниот директорат за комуникациски мрежни содржини и технологии при што треба да се создаде правна рамка за меѓународен роаминг за Македонија со Договорот за стабилизација и асоцијација. Очекувањата се цените на роамингот да се намалат за четири до шест пати.

Меѓу клучните проекти на АЕК од Стратегијата за развој на пазарот на електронски комуникации за периодот од 2012 до 2016 година, според Ордановски, е и драстичното намалување на цените во мобилната телефонија. Од 1 септември 2013 година големопродажните цени во мобилната телефонија ќе бидат намалени, односно ќе изнесуваат 1,2 денари. Со таквото драстично намалување на големопродажните цени се очекува и значително намалување на малопродажните цени

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје