АГЕЛЕР Е РАЗОЧАРАНА ОД ОПОЗИЦИЈАТА: „Бехтел“ работи законски, а тие критикуваат само колку да бидат против власта
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2023
Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер е уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан.
Агелер во интервју за МИА изрази разочарување поради тоа што опозицијата, како што вели, без да располага со сите факти и информации, го критикува проектот, нагласувајќи оти тоа го прави од политички причини, за добивање политички поени.
Во врска со разногласијата на власта и опозицијата за договорот со „Бехтел и Енка“, при што за првата тоа е договор на столетието, а за втората грабеж на столетието, но и за нејзиното присуство на свечениот настан, кое јавноста го прими како нејзина поддршка за проектот, Агелер нагласува дека таа како амбасадорка и Американската амбасада прават се што е во нивна моќ за промоција на американските инвестиции во земјава. Агелер нагласи дека тоа е во интерес не само за американските инвеститори и компании, туку тоа е мошне поволно и за граѓаните на оваа земја.
-Сметам дека мошне е разочарувачки тоа што тие во опозицијата критизираат без сите факти или критизираат нешто за што немаат информација. Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата, да тоа е работа на опозицијата, но истовремено сум целосно уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи тие работат на тој начин, инаку не би имале проекти насекаде во светот и одреден број тука во регионот на Западен Балкан, ако не беа доверлива компанија и граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10 д, кога ќе бидат комплетирани. Разговорите мислам се уште траат, но сметам дека е жално што има такви, кои ќе застанат на патот едноставно за да заработат политички поени, нагласи Агелер во интервјуто за МИА.
Во интервјуто американската амбасадорка говори и за содржината на писмото испратено до судските и извршните органи, за македонско-бугарските односи, за црната листа на САД, за посетата на премиерот Ковачевски на Вашингтон, за медиумите во земјава…
Интервјуто со американската амбасадорка Анџела П. Агелер, со видео материјал во целост ќе биде објавено наскоро.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.