12 Октомври, 2024
0.0260

АГЕЛЕР: Според мене е одлично што претседателката оди во Бугарија на покана на Радев

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Aмериканската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека е добро што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе оди во Софија каде, според бугарските медиуми, се очекува да се сретне со бугарскиот колега, Румен Радев.

Агелер во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Сител рече дека колку државите соработуваат како соседи, толку поголем ќе биде напредокот за сите граѓани.

„Според мене е одлично што претседателката оди во Бугарија на покана на претседателот Радев. Овие врски во регионот се многу важни, бидејќи сте соседи. Колку се посилни односите меѓу соседите, толку побезбедна, попросперитетна и стабилна може да биде секоја земја“, рече Агелер.

Во однос на именувањето на нови членови на Историската комисија со Бугарија, Агелер вели дека историјата е важна, но дека исто толку е важно да се разговара и за иднината.

„Не само што е важно да се разговара за историјата, знам дека ова е дел од билатералните и меѓународните договори, исто така е важно да се разговара и за иднината. Мојата основна надеж е дека како што зборуваме за споделената историја која Северна Македонија ја има со своите соседи, посебно со Бугарија, исто така зборуваат како ќе одиме напред во однос на транспортот, енергетиката, образовните размени… се надевам дека не гледаат само во историјата, туку дека гледаат и кон иднината“, рече Агелер.

За изборите во САД и каква ќе биде поддршката по изборот на новиот американски претседател, Агелер рече дека без разлика на исходот од изборите, САД ќе останат силен пријател, сојузник и партнер на земјава.

Можеби ќе ве интересира

ПАЃААТ ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Викенд временска прогноза

ПАЃААТ ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Викенд временска прогноза

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОВТОРНО ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Можна причина оделувањето на Албанија од Македонија

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОВТОРНО ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Можна причина оделувањето на Албанија од Македонија

Одбележан Денот на народното востание - 11 Октомври - пораки за обединување и борба за просперитетна држава

Одбележан Денот на народното востание - 11 Октомври - пораки за обединување и борба за просперитетна држава

„КОМИТИТЕ ГИ УДРИЈА КРВАВИТЕ ТЕМЕЛИ, ПАРТИЗАНИТЕ ЈА СОЗДАДОА, БРАНИТЕЛИТЕ ЈА ОДБРАНИЈА“: Еве како генералот Ангелов го честиташе празникот

„КОМИТИТЕ ГИ УДРИЈА КРВАВИТЕ ТЕМЕЛИ, ПАРТИЗАНИТЕ ЈА СОЗДАДОА, БРАНИТЕЛИТЕ ЈА ОДБРАНИЈА“: Еве како генералот Ангелов го честиташе празникот

МОСТОТ БЕЛАСИЦА ПАК СЕ ЗАТВАРА: Еве зошто

МОСТОТ БЕЛАСИЦА ПАК СЕ ЗАТВАРА: Еве зошто

БУГАРСКИ ПРОФЕСОР ВЕЛИ ДЕКА ВМРО ДПМНЕ Е СОЗДАДЕНА ДА ЈА ВРШИ ВАЛКАНАТА РАБОТА: Како што Австријците и Австриските Германци зборуваат на ист дијалект, така и „етничките Македонци“ и македонските Бугари зборуваат ист дијалект

ЗА КОВАЧЕВСКИ ДОБРО Е ШТО СЕ УКИНА БАЛАНСЕРОТ: Еве што вели екс премиерот

ЗА КОВАЧЕВСКИ ДОБРО Е ШТО СЕ УКИНА БАЛАНСЕРОТ: Еве што вели екс премиерот

СПОЕН ВИКЕНД ЗНАЧИ ХАОС НА БОГОРОДИЦА: Долга колона возила чека за излез од државата

СПОЕН ВИКЕНД ЗНАЧИ ХАОС НА БОГОРОДИЦА: Долга колона возила чека за излез од државата

ПОЧНА УВИДОТ ВО ЗГРАДАТА ВО ЧАИР: Пристапот до објектот се врши строго контролирано и се врши попис на предметите

ПОЧНА УВИДОТ ВО ЗГРАДАТА ВО ЧАИР: Пристапот до објектот се врши строго контролирано и се врши попис на предметите