Ахмети: Граѓаните да ја сочуваат ладнокрвноста, нема никакви федерализации!
Објавено во: Македонија 02 Март, 2017
Откако шефот на државата одлучи да не му го додели мандатот на опозицискиот лидер Зоран Заев со реакција на оваа одлука се јави и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Ахмети пишува дека „Заедничката Декларација“ на албанските партии во ниту една форма не го загрозува унитарниот карактер, ниту пак станува збор за федерализација или поделба.
Тој ги повика албанските политички партии да не ја претворат системската криза, како што тој ја нарекува, во меѓуетнички судир помеѓу Албанците и Македонците и им порача на граѓаните да ја сочуваат ладнокрвноста и да не потпаднат на однапред подготвени сценарија.
„Ова е политички проблем за кој политичките партии и институциите треба да најдат најдобро решение за граѓаните“, пишува Ахмети.