Ахмети: Храбро ќе продолжиме и кон решавање на спорот со името
Објавено во: Македонија 17 Април, 2018 17:15
Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети го поздравува денешниот Извештај за напредок објавен од високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан во Брисел, со посебен акцент на безусловната Препорака за почеток на разговорите со Европската Унија, информираше кабинетот на Ахмети.
„Реформското парламентарно мнозинство успеа да ги исполни итните очекувања на официјален Брисел, на меѓународните пријатели и на граѓаните, но не застануваме тука. ДУИ вети дека ќе продолжи со реформите и за зајакнување на напорите за целосно владеење на правото како и за борба против корупцијата и организираниот криминал. Храброста за решавање на отворените прашања се наградува, затоа храбро ќе продолжиме во периодот пред нас и кон решавање на спорот со името како наша последна пречка кон ЕУ и НАТО“ – вели Ахмети.
Тој изрази задоволство од реализацијата и напредокот на системските реформи во земјата, што денеска беше награден од Брисел, но додаде дека има уште работа за добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Од веста која денеска беше објавена е презадоволен и премиерот Зоран Заев, и тој вети дека и понатаму ќе работат.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




