АХМЕТИ: Лично немам контакт со Артан Груби
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2024
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети за Тв 21 вели дека лично не контактирал со сопартиецот Артан Груби кој избега од државата.
„Лично немам контакт со Артан Груби и немам детални информации каде актуелно се наоѓа. Мојата изјава во текот на вчерашниот ден е базирана на тоа што е јавно изјавено од претставници на Владата, но исто така и од фактот дека тој легално си ја поминал границата Македонија-Косово. Верувам силно дека секој граѓанин вклучувајќи го и Груби заслужува еден правичен и неселективен судски процес далеку од селективна апликација на правото“, изјави Ахмети.
Тој вчера рече дека Груби се наоѓа на албанска територија, но без да даде конкретни информации за неговата локација.
Груби е осомничен за злоупотреби во Државна лотарија.