ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици
Објавено во: Македонија 02 Јануари, 2025
По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици, информираа денеска надлежните од секторот за образование во Општина Куманово. Најголем процент од отпишаните ученици се од поголемите, централни училишта од Куманово.
„За жал, овој тренд не застанува и во споредба со минатата година како да бележиме благо зголемување на отписот на учениците до крајот на првото полугодие. Тоа е глобален проблем, особено на Балканот. Можеме да констатираме дека училишните клупи се празнат така што родителите заминуваат на привремена работа и потоа си ги повлекуваат и учениците ги отпишуваат и запишуваат во училиштата каде што ќе се преселат да живеат“, изјави раководителот на секторот за образование Александар Јовановиќ.
Лани во првото полугодие се отпишаа 131 ученик од вкупно 20 основни и средни училишта.