19 Декември, 2025
0.1840

АХМЕТИ НЕ ОТСТАПУВА, НЕ ПОПУШТА НИ ГРУЕВСКИ: Владата виси на стаклени нозе-ДУИ не сака да и се врати на „старата љубов“?!

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2017 13:12

Добивај вести на Viber

Политичката состојба никако да почне да се нормализира.

Неизвесноста продолжува, тактичките игри на политичарите исто така. Мандатарот познат, ама коалиционите партнери се уште не.

Прашање е дали Никола Груевски ќе успее да формира владин кабинет до крајот на месецот, според последните случувања и барања од партиите со кои преговара.

Оваа проценка доаѓа откако долгиот коалиционен партнер на Груевски, Али Ахмети вчера пред јавноста ги соопшти условите кои според многумина му се само изговор да не коалицира со „старата љубов“ ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство е дел од условите на Ахмети , но ВМРО-ДПМНЕ не сака да слушне а камоли да преговара за тој став.

Тоа го потврдија во денешното партиско соопштение во кое уште еднаш „плукнаа“ врз институцијата за која дадоа зелено светло кога се формираше истата.

„СЈО нема никаква врска со правдата, тоа е политички инструмент во рацете на еден центар на моќ и нивните домашни инструменти за уцена на секој политичар кој ќе се бори за националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на Македонија, и нејзините граѓани. СЈО е копче кое ќе биде стиснато секогаш кога било кој ќе се осмели да не игра така како што некој од надвор му сервира и диктира“, децидни се од партијата на екс премиерот.

Но, не е само СЈО пречка меѓу долгогодишните партнери.

ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа рамноправна употреба на албанскиот јазик на цела територија на Македонија. 

Ова е дел од условите на Ахмети, за што Груевски,  ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ нема да преговараат ниту пак ќе дозволат промена на уставниот поредок со цел двојазичност на целата територија .

Меѓутоа, само ДУИ прифати да седне на преговарачка маса со владеачката гарнитура и неодамнешен партнер во однос на формирање на владин кабинет.

Ахмети по ова прашање рече дека е сосема нормално за влада да преговара со партијата која добила најмногу мандати, но додаде дека во игра се сите опции.

Ахмети не ја исклучи ниту опцијата за нови избори, доколку на преговорите не биде прифатена платформата потпишана од ДУИ , Беса и Алијансата за Албанците.

Она што засега е извесно, е дека идната Влада виси на конец.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината