АХМЕТИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА „СИТЕ АЛБАНЦИ ЌЕ СЕ КРЕНАТ НА НОЗЕ“: Што му одговори Мицкоски?
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2024
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се закани со масовна реакција на Албанците доколку Уставниот суд донесе одлука да го промени или укине Законот за употреба на јазиците. Ахмети изјави дека „ако се допре албанскиот јазик, сите Албанци ќе се кренат на нозе“.
Ахмети ги уверил членовите дека нема да дозволи уништување на постигнатите права на Албанците. Тој на средба со поддржувачите во Шуто Оризари зборувал за обидите за укинување на албанскиот јазик и понижувањата што ги трпат Албанците.
Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавите на Ахмети, наведувајќи дека ваквите повици предизвикуваат загриженост и создаваат нестабилност. Тој вели дека Ахмети се обидува да врши притисок врз уставните судии, особено оние кои ги поддржувале ДУИ и СДСМ. Извесно време, ВМРО-ДПМНЕ зборува за можноста да има дестабилизација.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.