„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2024
Пратеникот од редовите на Политичката партија Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција, се осврна и на вчерашните случувања во Собранието. Тој објасни дека инцидентот започнал по провокација на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, којшто прв упатил навреди и ја спомнал сестрата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Вчерашниот инцидент настана за тоа дали премиерот Мицкоски треба да одговара на пратенички прашања и дали конкретно треба да биде повикан или не. Тој веќе беше во салата, беше повикан од нашите членови за опозициски прашања. Во моментот кога настана забуната, пратеникот од Кавадарци од редовите на ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, беа упатени навреди и беше спомната сестрата на Апасиев.
Нашиот левичарски нарав е таков - насилство не трпиме!
Мене ми е жал за инцидентот, но беше спомната сестра, а за сестра се умира!“ - потенцираше Јанчев
„Не сакаме да се случуваат вакви инциденти, но не се плашиме и никогаш нема да премолчиме на вакви реакции и навреди. Не се плашевме кога бевме двајца, не се плашевме во времето на Мијалков, а сега па воопшто не се плашиме“, кажа пратеникот од Левица.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.