Добивај вести на Viber
Колешката Жаклина Пешевска барала извинување, затоа што во нивната арогантна уфилманост само нивните мајки и сестри се битни. Впрочем, како што и 30 години ги третираат како граѓани од втор ред сите оние кои не се ПАРТИСКИ подлизурковци на нивната партија!, реагира Јована Мојсоска од Левица.
„Еве, јас ќе ѝ се извинам на колешката.
Извините што бедни крадачи на вода како Зоранчо Јованчев добиваат пратенички функции.
Извинете што вашите уфилмани пратеници како Јованчев си градат дивоградби затоа што партијата ги штити.
Извините што лик како Јованчев си ја има вработено пола фамилија во Кавадарци и тоа му е единствен "придонес" за државата.
Извините што Зоранчо Јованчев стана познат единствено како пцујач во Собранието, затоа што во ДВА МАНДАТИ како пратеник одвај 10 пати излегол на говорница
Извинете што во партијата ви смрди и труе на криминалци, багабонти и предавници.
И за крај, ИЗВИНЕТЕ што дојдоа нова генерација во Македонија која не ви се плаши (како што сте навикнати да владеете) и генерација која нема да ги толерира вашите простачки дивјаци да ги ПЦУЈАТ нашите фамилии. И извинете што нашите фамилии, другари и кауза сме спремни бескомпромисно да ги браниме - нешто што вие никогаш нема да го научите!, напиша таа на фејсбук.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.