18 Декември, 2025
0.0472

AI Tech Summit 2025 - Во чест на визијата на Филип Аврамчев

Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2025 18:29

Добивај вести на Viber

Националната опера и балет е местото кое повторно ќе обедини голем број на професионалци, кои од 30. септември до 1. октомври ќе имаат можност да ги дознаат сите новитети од областа на вештачката интелигенција. AI Tech Summit 2025 ќе оддаде посебна почит кон Филип Аврамчев, основач на овој самит.

Третото издание на AI Tech Summit ќе обедини говорници, панелисти од различни области, ставајќи ги во фокус практичните апликации за вештачката интелигенција, особено кај агентите за вештачка интелигенција и автоматизацијата. Веќе се потврдени 14 говорници, кои на практичен и многу конкретен начин ќе зборуваат за примената на AI во технологијата, малопродажниот (retail) сектор, здравството, финансиите, производството и др.


Сепак, овогодинешниот самит има едно посебно значење за организаторите, но и за многу други чинители кои го познаваа нашиот Филип Аврамчев, основачот на самитот за вештачка интелигенција, кој за жал почина оваа година. За таа цел, ќе одвоиме простор да му оддадеме почит на човекот кој беше секогаш оптимист, кој со својата визија, енергија и посветеност докажуваше дека многу работи се возможни и остварливи.


Водејќи се од неговите лични вредности, но и принципи кои ги имаше интегрирано во своето работење, ќе се обидеме да ја задржиме и оживееме неговата желба – вештачката интелигенција да стане практична, достапна и влијателна во сите индустрии, а Скопје и Македонија да бидат „епицентар“ на модерното, новото и корисното.

На минатогодишниот AI Tech Summit учество земаа повеќе од 700 професионалци од различни сектори. Оваа година целокупниот тим се погрижи да создаде една поинаква програма, која ќе го задржи интересот кај присутните, но и ќе им овозможи знаења и AI вештини кои ќе можат да ги користат веднаш по завршување на овој настан.

Затоа, агендата со право го носи епитетот како „највлијателна“ досега, со што буди реален интерес кај многу општествени чинители.

Фокусот ќе биде ставен на практични алатки, агенти за вештачка интелигенција, автоматизација и дигитална трансформација. Самитот ќе вклучи панели, дискусии, тематски сесии и можности за вмрежување, со цел да поттикне реални промени и соработка меѓу различни општествени чинители.

Побрзајте и купете карти онлајн по Summer цена <https://techsummit.ai/purchase-ticket-2025/> , достапни до 31. август, со приоритетен пристап и дополнителни бенефиции за потврди направени до 15. јули. Ова е одлична можност да го обезбедите учеството на вашиот тим со намалени цени:

• Редовен билет: 250 евра (наместо 300 евра);

• ВИП билет: 575 евра (наместо 700 евра).

Повеќе детали за самитот можете да видите на нашата веб-страница www.techsummit.ai <http://www.techsummit.ai>

Исто така, заследете нѐ на социјалните мрежи со цел редовно информирање за настанот, но и за сите AI новитети, Facebook <https://www.facebook.com/Tech.AI.Summit>  и Instagram. <https://www.instagram.com/aitechsummit?igsh=N25ybmgzNmEyY3k3>

Погледнете ги најинтересните моменти од ланскиот AI Tech Summit на овој линк. 


Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“