„Аитоникс“, „Енерџи Активе“, „Стентон Градба“: Кои се најголемите фирми-тендерџии во 2020?
Објавено во: Економија 12 Август, 2021
„Пуцко петрол“, компанијата на синот на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски од Пласница, е добитникот на тендери со најголема вкупна вредност во 2020, покажува објавениот извештај за минатата година на Бирото за јавни набавки. Компанијата која главно ги снабдува со горива општините од западниот дел на земјата, но и ЈСП Скопје, е на првото место во рангирањето со јавни набавки во збирна вредност од 1.625.534.000 милијарди денари, или 26,5 милиони евра, пресметало Бирото за јавни набавки.
Приватните лаборатории „Авицена“ и „Биотек“, покрај големиот раст на добивките поради пандемијата, остануваат во врвот според вкупната вредност на договори за јавни набавки со државните институции. На табелата за вкупен збир на суми за договорени тендери, „Авицена“ и „Биотек“ се на 15. и 17. место. Првите постигнале договори со државните институции во вредност од 9,5 милиони евра, додека вторите нешто помалку - 9,3 милиони евра.
На вредносната табела се наоѓа и ИТ-компанијата „Аитоникс“ со 18 милиони евра, пред се за набавката на софтверските лиценци за Владата што беше спроведена лани. Во рангирањето е и „Енерџи Активе“, компанијата која од 2018 интензивно набавува електрична енергија за повеќе државни институции како што се министерства, јавни претпријатија, затвори, служби, управи, општини, болници, музеи, судови и агенции. Вкупната сума е 13,7 милиони евра.
Од градежните компании за обележување е тоа што во рангирањето се најдоа Стентон Градба од битолско Долно Оризари, која гради брани и системи за водоснабдување, како и Илинден АД Струга, која соработува со неколку општини во земјата, но сепак најголемата набавка лани ја имаше со битумен за асфалт за потребите на „Македонија пат“. Двете имаат договори за вкупни набавки од околу 10, односно 11 милиони евра.
„Димакс Рудници“ од Сопотница се најде во највисокото рангирање со 8,4 милиони евра, пред се поради договорот за набавка за „Македонија пат“ на индустриска сол за зимско одржување на патиштата. Од компаниите познати по ископ на јаглен за РЕК Битола во Топ-20 листата единствено се најде Марковски Компани со 8,3 милиони евра.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.