Ајкули уловени во Албанија
Објавено во: Балкан 31 Јули, 2018
Албанските рибари во водите на Јонско Море, кај Валона уловиле две помали ајкули. Станува збор за ајкули со помала големина кои се уловени во близина на местото Луков.
Рибарите предупредуваат дека е можно да има и други помали ајкули кои пливаат кај брегот.
Тие со совет до сите кои се на одмор да бидат посебно внимателни и да го контролираат местото и околината каде што одмараат.
Главен наслов на медиумите, кои веста ја пренесоа секавично е „Чувајте се самите себе си! Уловени се две ајкули во Валона“.
Албанските рибари, во своите мрежи, повеќе пати досега уловиле големи ајкули, но на многу поголема оддалеченост од брегот.