18 Декември, 2025
0.0494

Академија за Менаџери организира ОТВОРЕН ДЕН и бесплатен семинар со д-р Лесли Самози

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2014 12:50

Добивај вести на Viber

Со семинар на тема „Каде се парите?! Мотивирање на вработените во време на криза“, предводен од д-р Лесли Самози, Академијата за Менаџери на 19ти јуни организира Отворен ден во Скопје. Сите кои се заинтересирани своето образование да го продолжат на еден од 100те најдобри универзитети во светот, Универзитетот Шефилд, на Отворениот ден ќе може да дознаат повеќе информации за новите програми и уписи. „Сите информации за програмите кои се нудат во Скопје, принципот на учење односно предавање, со какви дипломи можат да се стекнат студентите, што значи префиксот еден од 100те најдобри универзитети во светот, реномето и рангот на професорскиот кадар, ќе бидат на располагање како информации за сите оние што ќе не посетат. Оваа година организираме и семинар на многу актуелна тема, бесплатно за сите заинтересирани учесници, како демонстрацијата на сето она што може да се добие со студирање на овој универзитет и на програмите што се нудат во Скопје“, изјави Марија Никовска, директор на Академија за Менаџери. Д-р Лесли Самози е постар професор и академски директор на извршните МБА студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ. Со екстензивното академско и професионално искуство во областите Менаџирање на промени и Менаџмент со човечки ресурси, д-р Самози е еден од најбараните експерти во познати компании и корпорации од Јужна и Југоисточна Европа каде вовел бројни структурни подобрувања. Отворениот ден и семинар ќе се одржи на 19 јуни во хотел ТЦЦ Гранд Плаза, од 12.00 до 17.30 часот. Учеството на Отворениот ден и семинарот е бесплатно, а потребно е навремено пријавување заради ограничениот број на учесници. Рокот за пријавување е до 18ти јуни (среда) до 12.00ч преку веб страницата на Академијата.

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“