Акцијата за бесплатно приклучување кон системот за топлинска енергија продолжува до крајот на месецот
Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2016 14:09
Најавата за можен пад на температурите го зголеми интересот зa приклучување на системот за топлинска енергија. Дополнително на тоа, зголемениот интерес се должи и на намалувањето на цената на топлинската енергија за домаќинствата за скоро 11%, со што овој вид на греење е најисплатлив.
За да им излезе во пресрет на што поголем број потрошувачи, Снабдување со топлинска енергија Балкан Енерџи ја продолжува Акцијата за бесплатен приклучок. Сите заинтересирани граѓани може да се јават на телефонскиот број 02/3076-200, а акцијата се одвива по принципот „прв пријавен, прв услужен“ и се однесува само на објектите кои имаат техничка можност да бидат приклучени во системот за толинска енергија во Скопје.
Во рамките на досегашната Акција за бесплатен приклучок во системот за толинска енергија приклучени се околу 700 потрошувачи, а се јавиле 900 потрошувачи.
Системот за топлинска енергија, освен што нуди најекономично загревање, истовремено е и најеколошкиот енергенс, чие зголемено користење во голема мерка придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот во зимските денови во Скопје.
Имајќи предвид дека се приближува почетокот на грејната сезона во тек се и секојдневните ладни проби, со што системот за топлинска целосно ќе се провери и подготви за престојната грејна сезона.
Со оглед на тоа дека стартот на грејанта сезона се приближува, компанијата апелира до сите постојни потрошувачи дека евентуалните дефекти се пријавуваат на телефонскиот број 02/3076-200, на следнот линк: http://beg-distribucija.com.mk/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/ или СМС порака на телефонските броеви: 076-350-298, 078-207-056, 070-369-337.
Освен за домаќинствата, акцијата за бесплатно приклучување во системот за греење се продолжува и за правните лица, кои со последното утврдување на цената на топлинска енергија во август годинава исто така добија значително намалување.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




