10 Декември, 2024
0.0277

АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКПЕТРОЛ“ ВО СЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ ЌЕ ТРЕБА ДА ДОНЕСАТ ОДЛУКА – еве што ќе им понуди ОИЛКО

Објавено во: Економија 21 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Дали акционерите на „Макпетрол“, и тоа главно домашните физички лица, меѓу кои голем дел се и вработените од компанијата, добија понуда што не се одбива.

Имено, сите сопственици на обични акции со право на глас на „Макпетрол“ добија понуда од компанијата ОИЛКО, која во моментов е најголем и доминантен акционер во нашата најголема нафтена компанија, да им бидат откупени нивните акции, по цена од 67.001 денар за акција.

Според познавачите, станува збор буквално за понуда што не се одбива.

Имено, одобрувањето ОИЛКО да поведе постапка за преземање на овие акции е една од точките која ќе ја разгледува Собранието на акционери на оваа компанија, чија седница е најавена за 20 јануари идната година.

Попрецизно, станува збор за одлука за давање на Понуда за преземање на обични акции со право на глас издадени од „Макпетрол“ А.Д. – Скопје, што се наведува како голема зделка со заинтересирана страна.

„Се одобрува голема зделка со заинтересирана страна, каде страна во зделката се сите сопственици на обични акции со право на глас од издавачот Макпетрол, освен ОИЛКО КДА и физичките лица кои дејствуваат заеднички со него - сопственици на обични акции со право на глас“, се вели во предлог одлуката која треба да биде изгласана на Собранието на акционери.

„Се одобрува ОИЛКО КДА – Скопје, да спроведе постапка за преземање на обични акции со право на глас, издадени од Макпетрол, со јавна објава на задолжителна понуда за преземање, согласно Законот за преземање на акционерските друштва. Постапката за преземање, во име и за сметка на ОИЛКО да се одвива преку Комерцијална банка – Дирекција за вршење на услуги со хартии од вредност, овластен учесник на пазарот на хартии од вредност, согласно Законот за хартии од вредност“, се наведува во предлог подлуката.

Како што натаму се потенцира, понудата за преземање ќе се однесува на 72.644 обични акции со право на глас, издадени од Макпетрол, кои не се во сопственост на ОИЛКО и физичките лица кои дејствуваат заеднички со него.

Цената која ќе биде понудена во понудата за преземање, ќе изнесува 67.001 денари, за една акција.

„Понудата да биде упатена кон сите акционери - сопственици на обични акции со право на глас, издадени од Макпетрол кои не се во сопственост на ОИЛКО КДА и физичките лица кои дејствуваат заеднички со него.

Иинаку, издавачот „Макпетрол“ има издадено 112.382 обични акции со право на глас, од кои 11.238 се сопствени акции без право на глас, а, 28.500 обични акции, со право на глас, се во сопственост на ОИЛКО КДА - Скопје и физичките лица кои дејствуваат заеднички со него.

Во понудата за преземање, се утврдува праг на успешност од 50.000 обични акции со право на глас, што претставува 44,49 отсто од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од „Макпетрол“.

Рокот за прифаќање на понудата би бил утврден на 28 дена, од денот на објавувањето на понудата за преземање, согласно можноста предвидена во Законот за преземање на акционерските друштва.

Се овластува управителот на ОИЛКО, Дејан Левески, да склучи договор со Комерцијална банка која во име и за сметка на ОИЛКО ќе ја спроведува постапката за преземање, да склучи Договор со Централниот депозитар за хартии од вредност и Македонската Берза за вршење на услуги во постапката за преземање, како и да склучува и други договори и да ја потпишува целокупната останата документација, потребна за предметната правна работа. Се овластува Управителот Дејан Левески да ги прецизира сите детали кои се поврзани со Понудата за преземање, а кои не се прецизирани во оваа Одлука, како и да изврши измени на елементите од Понудата за преземање, согласно Законот за преземање на акционерските друштва и подзаконските акти, донесени во врска со него, доколку за тоа има потреба, а кои се во насока на ефикасно завршување на процесот на преземање на обични акции со право на глас. Се овластува Управителот Дејан Левески да го намали прагот на успешност доколку оцени дека е тоа во интерес на Друштвото.

Како Образложение се наведува дека „Собранието акционери на ОИЛКО,имајќи предвид дека се исполнети условите предвидени во Законот за преземање на акционерските друштва, во кои е предвидено дека „Лицето кое само или заедно со лицата со кои дејствува заеднички, стекне 25 отсто или повеќе од хартиите од вредност со право на глас или контролен праг за преземање, издадени од определено акционерско друштво, вклучувајќи ги и акциите кои претходно ги поседувало, задолжително дава понуда за преземање на преостанатите хартии од вредност, под услови и на начин утврдени со овој закон, како и дека „Понуда за преземање е должно да даде лице кое само или заедно со лицата со кои дејствува заеднички го достигнало контролниот праг на преземање“ и „Предмет на понудата за преземање се сите хартии од вредност на целното друштво, освен хартиите од вредност чиј имател е преземачот“, како и членот дека „Цената во понудата за преземање не смее да биде пониска од највисоката цена по која кое било од лицата кои дејствуваат заеднички ги купило хартиите од вредност во последните 12 месеци, пред известувањето за намерата за преземање“, се вели во Образложението според кое се дава на гласање оваа одлука.

Притоа, треба да се донесе и Одлука за задолжување на ОИЛКО во Комерцијална Банка и во Хакл банка, како големи зделки со заинтересирана страна.

Според ЦДХВ, ОИЛКО поседува 22,87 отсто од акциите на „Макпетрол“, а 10 отсто се сопетвени акции на „Макпетрол“.

Домашните физички лица, од кои најголем дел се вработени или пензионери, се 2.352 лица, и заедно поседуваат 58,27 проценти од акциите на нашата најголема нафтена компанија.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

АРИВИДЕРЧИ ИТАЛИЈА! Младите масовно ја напуштаат земјата, бараат подобар живот

АРИВИДЕРЧИ ИТАЛИЈА! Младите масовно ја напуштаат земјата, бараат подобар живот

Кои се ТОП 10 земји – трговски партнери на Македонија? Трговијата со нив вреди 10 милијарди евра за 10 десет месеци!

Кои се ТОП 10 земји – трговски партнери на Македонија? Трговијата со нив вреди 10 милијарди евра за 10 десет месеци!

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, ќе биде и политичар и ќе продава вино во слободно време

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, ќе биде и политичар и ќе продава вино во слободно време

ОВА Е ТОА ШТО НА СИТЕ ИМ ТРЕБА: Расте интересот за подобрување на финансиската писменост во Македонија

ОВА Е ТОА ШТО НА СИТЕ ИМ ТРЕБА: Расте интересот за подобрување на финансиската писменост во Македонија

УКИНУВААТ 5.000 РАБОТНИ МЕСТА - Германските железници планираат да отпуштат повеќе вработени отколку што договорија со синдикатите

УКИНУВААТ 5.000 РАБОТНИ МЕСТА - Германските железници планираат да отпуштат повеќе вработени отколку што договорија со синдикатите

ПОВТОРНО ЌЕ ШТРАЈКУВААТ РАБОТНИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА - илјадници вработени на Фолксваген не работат

ПОВТОРНО ЌЕ ШТРАЈКУВААТ РАБОТНИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА - илјадници вработени на Фолксваген не работат

„ВОЈНА“ СО ЧИПОВИ - Кина започна антимонополска истрага против американскиот производител на чипови Nvidia

„ВОЈНА“ СО ЧИПОВИ - Кина започна антимонополска истрага против американскиот производител на чипови Nvidia

ИМАТЕ ЛИ ПАРИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ - еве зошто Будва е совршена дестинација за купување стан?

ИМАТЕ ЛИ ПАРИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ - еве зошто Будва е совршена дестинација за купување стан?