25 Април, 2025
0.0256

АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ ГО ОТВОРИЈА ШАМПАЊСКОТО - Банката пресече: Ќе се дели дивиденда од 34 милиони евра, еве кој колку ќе добие на конто

Објавено во: Финансии 01 Јуни, 2023 14:15

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка држи лекции по тоа како може да се работи и профитабилно и домаќински, и да се делат одлиични дивиденди за акционерите, но и дел од добивката да се задржи за инвестиции во банката.

Акционерите на НЛБ Банка вчера го одржале редовното годишно Собрание, а на него донеле неколку важни одлуки, меѓу кои за акционерите секако дека е најинтересна онаа за распределбата на добивката остварена во минатата година, која беше и повеќе од одлична, како и за износот на дивиденда што тие ќе го добијат.

Па така, како што е познато, НЛБ Банка минатата година оствари фантастична добивка од близу 40 милиони евра, или прецизно 39,6 милиони евра.

Од овој профит, за исплата на дивиденди ќе отиде позначаен дел, односно 28 милиони евра, или точно 27,7 милиони евра.

Оваа одлука ја донело Собранието на акционери на својата вчерашна седница, а за тоа беше информирана денеска инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Покрај за дивиденда, од ланската добивка ќе се издвојат и близу три, односно 2,9 милиони евра за задржана добивка за инвестициски вложувања, како и близу 9 милиони евра кои ќе одат во општ резервен фонд.

Но, оваа сума од околу 28 милиони евра како дивиденда не е единствената што ќе ја земат акционерите на НЛБ Банка. Тие имено, ќе добијат дивиденда и од дел од акумулираната добивка од 2021 година, која била на вкупна сума од 12,1 милиони евра, од кои пари како дивиденда ќе завршат 6,1 милиони евра, а остатокот ќе биде за општ резервен фонд.

Тоа значи дека акционерите на НЛБ Банка ќе добијат вкупна дивиденда од 33,8 милиони евра, што се добива ако се собере предвидениот износ за дивиденда од 27,7 милиони евра од ланската добивка, како и 6,1 милиони евра од акумулираната добивка од 2021 година.

Во моментов доминантен и единствен сопственик кој поседува над 5 отсто од акциите во НЛБ Банка е Нова Љубљанска банка АД Љубљана, која поседува 86,97 отсто од акциите во НЛБ Банка.

Тоа значи дека кај словенечката банка која е мајка на нашата НЛБ Банка, во форма на дивиденда ќе завршат 29,4 милиони евра во форма на дивидена.

Покрај главниот акционер од Љубљана, во НЛБ Банка има и многу домашни физички и правни лица кои се акционери, и тоа 123 домашни правни лица, односно фирми или банки, кои поседуваат вкупно 30.324 акции или 3,55 отсто, како и 906 домашни физички лица, кои располагаат вкупно со 77.178 акции или 9,04 отсто.

И странски физички лица кои се 17 на број поседуваат акции од НЛБ Банка, и преку нив држат 0,2 отсто од капиталот.

А покрај Нова Љубљанска, уште пет други странски правни лица имаат акциии во НЛБ, но и нивниот сопственички процент е ситен.

Притоа, од банката ги информираат сите овие акционери дека бруто износот на дивидендата по акција е 2.431 денар.

Тоа значи дека сите овие акционери имаат причина за радост, бидејќи ќе земат одлична дивиденда согласно со бројот и процентот на нивните акции.

Исплатата на дивидендата ќе почне 30 ден по одржувањето на Собранието на акционери.

Притоа, треба да се спомене дека акцијата на НЛБ Банка е една од најтргуваните и најбараните акции на берзата, токму поради одличната заработка која ја нуди оваа хартија од вредност.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАБРИКА ЗА ТЕСТЕНИНИ И ТАЕН НАСЛЕДНИК: Што се случи со 200.000 евра на папата Франциск?

ФАБРИКА ЗА ТЕСТЕНИНИ И ТАЕН НАСЛЕДНИК: Што се случи со 200.000 евра на папата Франциск?

ОВДЕ НАЈМНОГУ СЕ ЗАРАБОТУВА: Дури 50 евра на час

ОВДЕ НАЈМНОГУ СЕ ЗАРАБОТУВА: Дури 50 евра на час

ИМА ЛИ „ЧАД“ ОКОЛУ БАНКАТА, ИЛИ СЕ САМО СИТНИ АКЦИОНЕРСКИ ПРЕГРУПИРАЊА - се продаде нов блок на Стопанска Битола за 78 илјади евра

ИМА ЛИ „ЧАД“ ОКОЛУ БАНКАТА, ИЛИ СЕ САМО СИТНИ АКЦИОНЕРСКИ ПРЕГРУПИРАЊА - се продаде нов блок на Стопанска Битола за 78 илјади евра

ПАПАТА ФРАНЦИСК ИМ ГИ НАМАЛИ ПЛАТИТЕ: Еве колку заработуваат вработените во Ватикан

ПАПАТА ФРАНЦИСК ИМ ГИ НАМАЛИ ПЛАТИТЕ: Еве колку заработуваат вработените во Ватикан

ЕМ ПАРИТЕ СИГУРНО ЌЕ ИМ СЕ ВРАТАТ, ЕМ СОЛИДЕН ПРИНОС - домашните кредитори ѝ позајмија на државата над 30 милиони евра

ЕМ ПАРИТЕ СИГУРНО ЌЕ ИМ СЕ ВРАТАТ, ЕМ СОЛИДЕН ПРИНОС - домашните кредитори ѝ позајмија на државата над 30 милиони евра

ОСТАНУВА ТАЈНА КОЈ КУПИ 4,99 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - дали ова се можните продавачи на тој акционерски пакет

ОСТАНУВА ТАЈНА КОЈ КУПИ 4,99 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - дали ова се можните продавачи на тој акционерски пакет

„ТИВКОТО“ БОГАТСТВО НА ПАПАТА ФРАНЦИСК: Еве како ќе се подели неговиот имот

„ТИВКОТО“ БОГАТСТВО НА ПАПАТА ФРАНЦИСК: Еве како ќе се подели неговиот имот

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД ОКОЛУ 4.500 ЕВРА: Ова е најдобрата земја за преселба во 2025 година

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД ОКОЛУ 4.500 ЕВРА: Ова е најдобрата земја за преселба во 2025 година

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ КОИ ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ГРЦИЈА! Многумина одат на ова место, сега ги чекаат половина цени, еве за што се работи

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ КОИ ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ГРЦИЈА! Многумина одат на ова место, сега ги чекаат половина цени, еве за што се работи