„АКО АХМЕТИ САКА ИЗБОРИ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИЈА ДЕКА ЌЕ СИ ЗАМИНЕ ОД ПОЛИТИКАТА КОГА ЌЕ ИЗГУБИ“: ВЛЕН со остра критика кон лидерот на ДУИ
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2024 09:30
Коалицијата ВЛЕН денеска упати остра критика кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи го за влијанието на коцкарските бизниси врз политиките на неговата партија. Во своето соопштение, ВЛЕН го повикува Ахмети да се фокусира на реформи, наместо на, како што велат, „покерски блефови“ и лажни повици за предвремени избори.
-Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ. Затоа, покерските блефови на Ахмети не треба да се сфаќаат сериозно. Коалицијата ВЛЕН му порачува на Ахмети, наместо да ги храбри уплашените поранешни функционери со лажни барања за предвремени парламентарни избори заедно со локалните нека се посвети на внатрешни кадровски и програмски реформи. Сепак, ако навистина сака предвремени парламентарни избори, прво нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката, за да не трошиме народни пари за проблемите на Ахмети и Села да спречат распаѓање на нивниот таканаречен фронт, посочува коалицијата Влен во денешното соопштение.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




