Добивај вести на Viber
Ванчо Митев, адвокат, на својот фејсбук профил објави дека според неговите проценки, екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за свирепо убиство на малата Вања, би можела да трае од 6 до 12 месеци, а можеби и повеќе.
„Не сум многу умен ама сум премногу искусен.
Очекувам бегалецот во Турција да ја кочи и да се обиде да ја избегне екстрадицијата. Дали има аргументи да тврди дека во РМ нема да добие фер судење ????? Секако има , што не значи дека ќе му бидат прифатени. Доволно е да се погледнат видео записите од изјавите на официјалните лица на прогонот и она смешно шишање-нуларица на притворените. Едно е да коментираш како граѓанин, но кога настапуваш како официјално лице. Во системот на правдата, мора да се мери тежината на секој искажан збор.Не дај Боже тоа да се случи (лично мислам дека нема) но официјалните лица мора да ги контролираат своите емоции. Да не се лажеме. Ако бегалецот има финансии да води правна битка, екстрадицијата ќе потрае помеѓу 6 и 12 месеци, а можеби и повеќе“, пишува адвокатот Ванчо Митев на својот фејсбук статус.