„КОВИДОТ ГО ПРОГЛАСУВАА ЗА УМРЕНО, АМА ВО ПРАКСА НЕ Е СЀ БАШ ТАКА - д-р Бојан Трајковски со совети до граѓаните
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2024
„Периодов гледаме измешана клиничка слика карактеристична за ковид, стомачни вируси и други респираторни вируси така да нека не ве чуди високата температура, силно изразен синузит, дијареа, сериозна омалаксаност и доста интензивна сува која потоа прогредира во влажна кашлица која знае да трае со недели!
Неретко сите овие симптоми и кај едно лице ги гледаме.
Советите како и лани се истите: одмор, мирување, антипиретици, течности, соодветна симптоматска терапија и секако антибиотици ако клиничката слика го бара тоа!