Добивај вести на Viber
Сите посетителите на барови, ресторани и кафулиња во Грција ако не добијат фискална сметка, нема да треба да ја платат направената сметка. Мерката сеуште не е донесена, но е во план да биде предложена од Министерството за развој, со цел да се ограничи затајувањето данок во Грција.
Како што јавува весникот „Катимерини“, мерката е дел од серијата реформи за заштита на потрошувачите и помагање на бизнисот, што може да почне да се применува од следната седмица. Угостителските објекти во менијата ќе треба да ја впишат промената, пишува весникот.