АКО НЕКОЈ СЕПАК СЕ РЕШИ ГРАДОТ ДА ГО ЗАМЕНИ СО СЕЛО: Ова се прашањата кои треба да си ги постави
Објавено во: Македонија, Агробизнис 15 Јуни, 2025 07:26
Ако некој сепак се реши градот да го земени со село, треба да побара одговор на неколку клучни прашања. Агрономите советуваат дека тој треба прво да размисли во каков тип на село ќе се врати да живее, што успева таму, дали би чувал добиток или би се занимавал со производство на овошје или зеленчук и да истражи за кои култури во регионот нема хиперпродукција. Треба да си направи проценка сам или да се консултира со стручно лице, што, каде и колку би засадил, со цел максимално да профитира за трудот што ќе го вложи.
„Зависи за која локација се работи. Некои села имаат пасишта. Потребна е консултација со стручно лице. Некаде е погодно за овоштарство. Зависи кој што сака да работи, најважно е да има желба. Треба знаење да има, но и да се консултира со некого. Производство на пиперки или домати, зависи за што ќе се определи. Сите се решаваат за нешто полесно, овоштарство, житарици, нешто што не бара многу работа. Сега многумина садат цвеќе, затоа што сите купуваме цвеќе. Треба да процениш што ќе се продава, што ќе се исплати, но има и луѓе кои цел живот ова го работат и пак промашуваат, и тоа се случува“, објаснува агроном од Куманово.
Во околината на Берово ако некој се врати од град во село, може да се фокусира на подигање на плантажи со овошје или евентуално да засади компири.
„Ако некој се врати, во Берово може да одгледува компири, слива, вишна, и од ситните овошја, малина. Тоа успева и друго ништо. Има услови и за сточарство, пасишта има, но нема овчари и тешко се наоѓаат“, вели Весна Севдинска, агроном од Берово.
Инаку, државата планира со 100.000 евра да им помогне на семејствата да се вратат на село.
Со тие пари би обновиле објекти, би купиле механизација, добиток, но условот е 10 години да останат да живеат на село, во спротивно ќе треба да ги вратат парите. Возрасната граница е 40 години. Руралните средини во земјава замираат. Според податоците од пописот, во Македонија над 200 населени места се без ниту еден жител. Од еден до друг попис имаме плус 60 празни населени места.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




