16 Декември, 2025
0.0429

АКО ОДМОРАТЕ ВО ОХРИД, СТРУГА, ДОЈРАН, ПРЕСПА: Koлку ќе треба да платите за лежалка?

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2025 07:47

Добивај вести на Viber

Некаде лежалките се бесплатни, некаде за 150 денари добивате само лежалка, а има и опција за истите пари да добиете и лежалка и пијачка. 

Во Охрид лежалките чинат 150 денари, без пијачка. Од угостителските објекти велат дека планираат и натаму во шпицот на сезоната цена да остане иста. Додаваат дека цената е идентична како лани и според нив е солидна и не е висока за туристите.

Во Дојран, за истите пари имате лежалка и пијалок. Таа цена важи сега, но натаму може да се зголеми.

„Во Дојран лежалките чинат 150 денари, со пијачка. Засега е таа цена, може да оди 20 денари поскапо, до 170 денари, сосе пијачка, кафе, вода, сок или пиво. Имаме 4 плажи, цените се слични, тука некаде се“, додаваат од дојрански кафе-бар.

И во Струга има евтини варијанти за туристите.

„Во Струга се плаќа 300 денари за две лежалки со еден чадор. Пијачка се доплаќа. Во пред сезона цената е 200 денари, а во сезона е 300 денари. На сите плажи цените се тие, од 200 до 300 денари. Исти се цените како лани кај нас. Цените им одговараат на гостите, затоа што се пристапни“, додаваат од струшки угостителки објект. 

Оние кои ќе одат на Преспанското езеро, треба да знаат дека и таму цените се доста ниски.

„Лежалки има во Сливница. Имаме и во Претор, ама овде не наплатуваат за нив“, вели жителка на Преспа. 

Во Сливница, за две лежалки, чадор, масичка и две пијачки се плаќа 300 денари.

Од угостителки објект во Претор велат дека засега не ги наплаќаат лежалките, но веројатно е дека корисниците на конкретниот ресторан и натаму во текот на летото нема да мораат да плаќаат за оваа услуга.

Инаку, ако ги погледнеме податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), бројот на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за 4.9 отсто, а бројотна странските туристи е зголемен за 10.8  отсто.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“