Aко порано на младите од внатрешноста им беше предизвик наоѓањето работа во Скопје, сега почесто размислуваат за странство
Објавено во: Економија 26 Ноември, 2021
Ако порано младите од внатрешноста на Македонија бараа работа во главниот град, сега како подобра опција ја гледаат работата во странство.
Во земјава сведоци сме, а и статистиките покажуваат дека трошоците за живот растат, и затоа младите сакаат да заминат на запад, каде би заработувале поголема сума на пари. За работа на брод аплицираат млади луѓе од сите градови во земјава. Тоа се генерално млади луѓе до 40 години. Платите достигнуваат и до 2.000 долари месечно. Но, не е само работата на брод. Имаат и други можности за работа во Германија или во некоја друга европска земја. За сезонска работа останува отворена опцијата за ангажман во Хрватска. Дел од работниците успеваат да најдат работа со платено сместување, или евентуално оброците да бидат на товар на работодавецот.
„Има голема разлика помеѓу животот во мал и голем град. Во Скопје сметам дека трошоците за живот се за 20 до 30 отсто повисоки за разлика од другите градови. Работа има во Скопје, но кириите се скапи. Младите од Кочани заминуваат или во Скопје, или во Италија и Англија поради работа. Од Источна Македонија повеќето иселени се во Италија“, вели Надежда Глигорова, економист во пензија.
И натаму на Германија која за балканците е ветена земја и требаат работници.
„Имам апликанти за работа во Германија од цела Македонија. Сите знаеме кои се причините кои доведоа до тоа луѓето да не бараат работа во Скопје, туку да одат во странство. Финансиите се пресудни. И во Германија кириите се скапи, но работникот секако ќе заработи 4 пати повеќе пари и ќе му останат многу повеќе на крајот на месецот“, објаснува посредник за вработување во Германија од Источна Македонија.
На Германија и се неопходни 400.000 имигранти годишно за да успеат да одржат постојан број на луѓе вработени на пазарот на трудот. Македонија и Балканот пак се соочуваат со одлив на работници и тоа трае со години.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.