Ако сакате да имате деца, можете да пиете и пушите, но марихуана никако!
Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2014 18:46
Мажите кои сакаат да имаат деца треба да престанат да консумираат марихуана. Имено, научниците досега во најшироката студија за зачнувањето и квалитетот на спермата открија како пушењето трева има сериозни последици на плодноста.
Според истражувањето спроведено над 2249, оваа лесна дрога ги зголемува шансите на оние помлади од 30 години да создаваат абнормална сперма.
Експертите од Универзитетите во Шефилд и Манчестер утврдиле дека пушењето марихуана всушност е единствениот порок кој негативно влијае на создавањето на сперма - дури ни дебелината, алкохолот и тутунот и долната тесна облека, како што досега се веруваше не влијае на плодноста.
Сличен примерок е откриен минатото лето, иако, научниците сметаат дека затоа не е одговорна топлината туку должината на денот која влијае на хормоналните промени.
Тие веруваат како младите мажи се погодени од негативни влијанија на марихуаната и едноставно затоа што консумираат поголема количина.
Водичот на студијатта објавена во списанието Хумана репродукција, докотр Алан Пејс, кажа дека ониe кои често пушат трева мора да престанат да го прават тоа ако сакаат да станат родители и тоа најмалку три месеци предходно.
Исто така, студијата открива како воздржувањето од сексуални активности повеќе од шест дена го подобрува квалитетот на спермата.
Точната причина зошто канабисот влијае на производството на сперма не е утврден се`уште.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




