Ако ВМРО-ДПМНЕ не формира влада ќе бара нови избори
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2017 14:02
Додека се чека на конечна одлука од Али Ахмети дали ДУИ ќе прифати коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, од поддржувачите на досегашната владејачка партија посочуваат дека ако не се формира нова влада тогаш мора да се оди на нови избори.
„Мислам дека нема да се дозволи некој што не победил на избори да дојде на власт и оттука единственото решение е спроведување на нови парламентарни избори“, вели Даштевски за провладините медиуми.
Исто така и провладиниот аналитичар Тони Науновски посочува дека ако мандатарот не формира параламентарно мнозинство тогаш треба да се распишаат нови избори.
„Ако не се формира влада според уставните интерпретации на професорите по уставно право, тие велат дека ако мандаторот од било какви причини не успее да формира парламентарно мнозинство се распишуваат нови избори. Тоа е единствената правна интерпретација на уставот“, смета Науновски.
Во јавноста кружат голем број на шпекулации околу тоа каква разврска ќе има меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ особено што од двете партии нема конечни информации, па толкувањата се дека ако не биде постигнат договор мандатот во тој случај да не падне во рацете на Заев за тој да добие шанса да преговара за формирање на нова влада.
Дел од раководството на ДУИ потенцираше и дека еден од условите е да не се дозволи осомничени функционери на ВМРО-ДПМНЕ да бидат дел од новата влада што индиректно значи дека Груевски не смее да биде нов премиер, па дури има и прогнози дека Никола Попоски или некој друг од партијата би бил иден мандатар.
Секако, на ваквите ставови се спротиставуваат аналитичарите кои сметаат дека тоа е надвор од сите меѓународни конвеценции.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




