АКТЕРКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО ВЛАСТИТЕ: Вие сте неспособни, побарајте помош од странски служби
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2022 12:48
Нашата истакната актерка Весна Петрушевска Бејби денеска со свој пост на социјалната мрежа „Инстаграм“ побара разрешница на сагата со дојавите за бомби. Револтирана од неколку неделните дојави, за кои се уште не е откриен виновникот, таа дури апелираше надлежните да си дадат оставки и да побараат помош од надворешни служби за изнаоѓање на виновникот или виновниците.
„Имате ли памет, бре. Девет средни училишта, еден трговски центар, Џевхир сити. Три месеци не малтретирате со вашата неспособност, со дојави за бомби.
Вие сте ненормални, порабарајте помош од странски служби и дајте си оставки, веднаш.
Ова е ненормална работа, што вие правите. Колку сте вие неодговорни, неписмени и недовтени. Луѓе се во прашање, деца. Секое дете под стрес оди на училиште, заради дојави за бомба.
Три згради сега сме надвор поради дојави на бомби. Вие не знаете колку е тоа страшно. Поради дојава за бомба, стари луѓе одвај се движат, не смеат лифт да користат. Важно има секој ден дојава за бомба, а вие ништо не правите. Можеби правите, ама не знам, не гледаме, важно дека и понатаму има дојави за бомби, и дајте си оставки“.
Фото: Принскрин/Инстаграм
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




