15 Мај, 2024
0.2872

АКТЕРКАТА СТОЈАНОВСКА ОСЛОБОДЕНА ОД ТУЖБА ЗА ШВЕРЦ НА КОКАИН, ќе бара надомест за нарушен углед

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Актерката Силвија Стојановска денеска доби ослободителна пресуда. По првичното судење во кое Стојановска доби 3,6 години затвор, сега на барање на Апелација, Кривичниот суд донесе осолободителна пресуда за делото за кое ја товареа, шверц на кокаин. 

Адвокатот на Стојановска, Димитар Савовски за медиумите потенцираше дека со оваа одлука правдата е задоволена и посочи дека обвинителство немало докази дека актерката е виновна за производство, дистрибуција и организирање мрежа на продавачи и посредници за запленетите 700 килограми кокаин во Шпанија.

- Такви докази обвинителството не приложило и наместо 3,6 години затвор како во претходната пресуда, актерката денеска од судечкиот совет доби ослободителна пресуда на повтореното судење - посочува адвокатот и додава дека несреќата во овој случај е врската со нејзиниот бивш брачен другар и за жал, тврди тој, таа брачна врска била единствен аргумент на обвинителството кое не успеало да го докаже кривичното дело и обвинението.

- По насоките на Апелациониот суд, кој ја укина првостепената пресуда, не можеше да се очекува поинаква одлука освен ослободителна пресуда. Судот ги уважи сите жалбени наводи. Во повторената постапка не се изведоа нови докази, а од доказите кои ги приложи обвинителството не можеше да се утврди вина кај Силвија Стојановска, односно дека членувала во таква меѓународна група која се занимава со трговија на дрога - вели Савовски.

Тој додава дека Стојановска била обвинета само затоа што била сопруга на првообвинетиот Воислав Будисављевиќ.

- Ова во завршниот збор го кажа и обвинителката, дека Стојановска била обвинета затоа што била сопруга на Будисављевиќ и снаа на неговиот брат и дека поради тоа таа морала да знае што работи бившиот сопруг и неговиот брат. Обвинителката не изврши анализа на доказите, туку ја презентираше биографијата на браќата Будисављевиќ - додава Савовски.

Претходно Апелациониот суд донесе одлука да го врати на повторно судење предметот во кој актерката Стојановска со првостепена пресуда беше осудена на три и пол години затвор поради делото кое и се става на товар, шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Адвокатот во изјава за медиумите посочи дека актерката ќе бара надомест поради нарушен углед.

- Апсолутно има право на надомест поради нарушен углед, за изгубена добивка и што не, но за жал, нашата извршна власт, Министерството за правда, не е спремно да се спогодува по овие прашања.. Апсолутно ќе бараме - рече Савовски.

Првоовинетиот во делото шверц на 700 килограми кокаин, Воислав Будисављевиќ, кој беше првостепено осуден на 7 години затвор, поднесе жалба за пресудата, но, апелација нему му ја зголеми казната на 12 години затвор.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“